Момчило Грошев - Грошка (Валандово, - , ) — македонски фудбалер, голман на „шампионската генерација“ на Вардар. Животопис

Грошев е роден во Валандово на 19 јануари 1960 година. Тој уште таму ги има направил првите фудбалските чекори, во матичниот клуб Победа Валандово. Оттаму, заминал во прилепска Победа и таму останал две сезони, а потоа застанал на голот на Вардар во чии редови настапувал заедно со Рингов, Панчев, Станојковиќ, Јаневски, Најдоски и др , со кои ја освојуваат единствената шампионска титула во поранешната СФРЈ, во сезоната 1986/87. Еден период бранел и во Грција. По завршувањето на активната кариера, долго време работел во младинскиот погон на Вардар тренирајќи ги младите голмани, потоа и во Стручниот штаб на првиот тим со најдобрите голмани, пренесувајќи им го своето богато голманско искуство кога бранел против Партизан, Црвена звезда, Динамо, Хајдук, Вележ, Сараево. По долго и тешко боледување, по неколку комплицирани операции, умира во Скопје на 24 февруари 2010 година.

Наводи

Категорија:Починати на 24 февруари Категорија:Фудбалери од Валандово Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалски тренери од Валандово