мини|десно|Дигитален домашен струјомер.
Киловат-час или киловатчас, (симб. kW·h, kWh и кВтч)„киловат-час“ — Лексикон на македонскиот јазик, он.нет — единица за енергија еднаква на 1000 ват-часови или 3,6 мегаџули.
Дефиниција Киловат-часот е единица за енергија еднаква на еден киловат (1 kW) моќ (електрична работа) потрошен за време од еден час (h).
Обратно земено, еден ват е еднаков на 1 J/s. Еден киловат-час изнесува 3,6 мегаџули, што е количеството енергија добиено од работа што се врши со просечна стапка од илјада вати на час.
Примери Греалка од 1000 вати (1 киловат) што работи еден час троши еден киловат-час (3,6 мегаџули) енергија.
Една 60-ватна светилка што работи еден час потрошила 0,06 киловат-часови струја. За илјада часа ќе потроши 60 киловати.
Претворање џул ват-час електронволт калорија 1 J = 1 kg·m2 s−2 = 1 2,77778 × 10−4 6,241 × 1018 0,239 1 W·h = 3600 1 2,247 × 1022 859,8 1 eV = 1,602 × 10−19 4,45 × 10−23 1 3,827 × 10−20 1 cal = 4,1868 1,163 × 10−3 2,613 × 1019 1
Именители Киловат-часот се користи во елекстродистрибуцијата за фактурирање на потрошувачот, бидејќи еден домовите месечно трошат од неколку стотини до неколку илјади киловат-часови. мегават-часови, гигават-часови и терават часови се користат при мерење на големи количества електрична енергија за индустриски капацитети и изразување на производството кај електраните. Во терават-часови (во поголеми земји и петават-часови) се изразува годишното производство на струја на цели земји. На пример, во 2010 г. Република Македонија произведени се вкупно 6 462,3 гигават-часови (6,46 терават-часа) електрична енергија.Годишен извештај за производство на ел.енергија за 2010 г. — ЕЛЕМ
Поврзано Ампер-час Ват
Наводи
Надворешни врски Пресметка на лична потрошувачка на електрична енергија — ЕЛЕМ Дневен дијаграм на потрошувачка на ел. енергија во РМ — МЕПСО
Категорија:Единици за енергија Категорија:Електроенергија Категорија:Единици вон SI