Македонски Бугари () — мала заедница на Македонци во Македонија што се изјаснуваат за Бугари и дел кои имаат вистинско бугарско потекло бидејќи дошле од Бугарија во минатото. Во државата има многу мал број граѓани што се изјаснуваат како Бугари и истите често се нарекувани бугаромани или бугарофили, кои заедно како една целина не се признато етничко малцинство. Најголем број лица кои се изјаснуваат како Бугари се сконцентрирани во Струмичко,Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Dejan Djokić, C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1850656630, p. 122. можеби поради тоа што градот територијално се наоѓа во близина на Бугарија и бил двапати дел од бугарската држава (1912 — 1919 и 1941 — 1944). Во периодот помеѓу 1945 — 1991 година додека Македонија била дел од Југославија, имало преселба на бугарското население од Босилеградско во Република Македонија, а најголемиот дел од него се населил во Скопје. Богослав Јанев, Босилегратчани во Македонија, Скопје: Здружение на граѓани. "Босилеградско", 2006, Куманово: Графотекс. ISBN 9989-57-472-3. На последниот попис во Македонија во 2021 година како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани, кои претставуваат околу 0,2% од целото население.
Организација Во текот на неуспешниот „Попис 2011“ во Македонија Бугарскиот културен клуб започнал кампања која гласела: Сите биле Бугари. А ти?Видео на бугарската антимакедонска кампања која во текот на своето видео ги прикажува славните историски личности Св. Климент Охридски, Цар Самоил, Гоце Делчев како Бугари. Во Македонија има бугарско здружение Радко и Здружение на граѓани „Цар Борис III“ во Охрид и Бугарски културен клубОфицијално мрежно место на Бугарскиот културен клуб во Скопје. Според официјалните подотоци на КБГБЧ од 2002 до крајот на 2020 година речиси 90.000 македонски граѓани земале бугарски пасоши со кои може да патува и работи во земјите од ЕУ без визи.Mediapool.bg. 22 юни 2016, Над 62 000 "нови" българи за последните пет години. Уште околу 60.000 лица поднеле молби за бугарско државјанство за кое мора да потпишат документ дека имаат бугарско потекло. Прашање е колку од тие што добиле пасош или поднеле молби се чувствуваат Бугари, а колку на таков чекор се решиле од економски причини. На парламентарните избори во Бугарија 2021, бројот на пријавени гласачи во бугарската амбасада во Скопје изнесувал само 328 лица, а со тоа е јасен фактот дека тие пасоши се вадени поради економска причина.
Поврзано Демографија на Македонија Бугари Бугарофили Бугаризација Бугаромани
Наводи
* Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија