Занкт Георг е централен кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија.
Историја
Во 1410, членовите 17 и 18 на договорот (Rezeß) помеѓу Сенатот и граѓаните биле се регулирал престојот во болницата Занкт Георг (S. Georg / Suente Juergens).Rezeß zwischen Rat und Bürgerschaft Artikel 17-18 betr. die Versorgung der Siechen und Pfründer im Hospital S. Georg. (D. Boedecker, side 25-28) Оваа болница сè уште постои како Asklepios Klinik St. Georg.
thumb|left|Квартот Занкт Георг во 1855
Во 1868, квартот Занкт Георг службено станал дел од Хамбург, вклучувајќи ја и болницата за епидемијата на чумата.
Поради проблемите со дрогата, проституцијата и високата стапка на криминал, во 2007 Сенатот на Хамбург усвоил закон за забрана на оружјето во областа Hansaplatz од Занкт Георг. Единственото друго место во Хамбург е областа Reeperbahn, Занкт Паули.Забрана на оружјето во Хамбург
Географија
Занкт Георг е на југоисток од вештачкото езеро Аусеналстер, кое е на граница на округот Ајмсбител. Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, урбаниот кварт имал вкупна површина од 1,8 км².
Делови на квартот Занкт Георг се рангирани како добра адреса од бирото на градскиот развој и животната средина на Хамбург.Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt, Amt für Wohnen, Wohnlagenverzeichnis, November 2007 Централната локација Занкт Георг и многуте места за ноќен живот, уличните кафулиња и продавниците е изворот за гентрификација во овој кварт од 1980-тите. Градот Хамбург и округот Хамбург-Мите имаа специјални програми да го променат овој кварт.
Поради многуте пријателски настроени кафулиња и ноќни клубови кон хомосексуалците, Занкт Георг се смета за главното место на хомосексуалците во Хамбург. Во улицата Lange Reihe е почетното место на хамбуршката годишна парада Christopher Street Day.CSD Hamburg Посетено на July 31, 2008
Демографија
Во 2006, во квартот Занкт Георг живееле 10.551 лице. 9,2% биле деца под 18 години, а 13,2% имале 65 или повеќе години. 31,4% биле имигранти. 629 луѓе биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичкот биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, постоело 6.882 домаќинства и 67,8% од сите домаќинства биле сочинети од индивидуалци.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Религија
Domkirche St. Marien е римокатоличката катедрала во Занкт Георг. Сегашната зграда потекнува од 1890-тите.
Образование
Главниот кампус на универзитетот за применети науки Хамбург е на улицата Berliner Tor.
Постојат 3 основни и 6 средни училишта во Занкт Георг.
Култура
thumb|Германскиот театар
Германски театар (Deutsches Schauspielhaus), основан во 1901, се наоѓа во квартот Занкт Георг. Меѓу другото Sportverein St. Georg von 1895 е спортски клуб во овој кварт, кој ги користи објектите во квартот.
Инфраструктура
Почесниот генерален конзулат на Кралството Тајланд основан во Хамбург во 1881 се наоѓа во улицата An der Alster 45 и ги опфаќа покраините Бремен, Хамбург и Шлезвиг-Холштајн.Список на конзулатни претставништа, трговски мисии, културни и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
Здравствен систем
Asklepios Klinik St. Georg е општа болница со 758 кревети и 67 дневни места (н.п. за пациенти со СИДА). Болницата има 10 департмани, вклучувајќи интерна медицина, хирургија (вклучувајќи урологија), неврологија, неврохирургија, анестезиологија и интензивна нега и итна помош. Болницата е специјализирана меѓу другото за кардиохирургија и онкологија. Исто така, обезбедува и пружа услуги во итната помош. Болницата се наоѓа во Lohmühlenstrasse.Болници во Хамбург, стр. 6
Од 2008, во болницата се наоѓа медицинското училиште Asklepios, приватно медицинско училиште водено од Asklepios Kliniken Hamburg и добро познатиот унгарски универзитетот Семелвајс.
Во 2006, имало 67 лекари во приватни ординации и 9 аптеки.
Сообраќај
Занкт Георг е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница преку станиците Ломиленштрасе и Берлинер Тор. Јавниот превоз, исто така, е обезбедуван и од автобуси.
Главната железничка станица во Хамбург се наоѓа во Занкт Георг, исто така и централната автобуска станица, за далечни одредишта кон многу градови во Европа.
Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Занкт Георг биле регистрирани 2.134 приватни возила (205 возила на 1.000 жители).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, службена страница Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург website
Категорија:Четрти во Хамбург