Свети Димитриј — главна селска црква во гостиварското село Тумчевиште, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била подигната во 1878 година на претходно срушената црква од отоманската војска. Подоцна, црквата била повторно срушена од страна на муслиманските Албанци од соседното село Чегране за време на Втората светска војна во 1943 година, кога селаните го напуштиле селото.

Била обновена во периодот 1965-1967 години, а на 20 септември 1970 година ја осветил г.г. Доситеј, првиот поглавар на Македонската православна црква.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Тумчевиште

Наводи

Надворешни врски

Тумчевиште Категорија:Тумчевиште