Хамерброк е кварт (Stadtteil) во округот Хамбург-Мите на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Географија
Во 2007, Хамерброк имал површина од 1,6 км2, и бил дел од округот Хамбург-Мите.
Демографија
Во 2006, во квартот Хамерброк живееле 435 луѓе. Густината на населеност била 281 на км2. 8,5% биле деца под 18 години, а 8,3% имале 65 или повеќе години. Странци биле 47,6% од населението. 20 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Во 1999, имало 410 домаќинства од кои 10,5% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 63,4% од сите домаќинства биле сочинети од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството било 1,62.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Сообраќај
Квартот е опслужуван со железничкиот систем со градските возови преку железничката станица Хамерброк.
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein.
Категорија:Четрти во Хамбург