Ротербаум () е кварт на Ајмсбител, округ во Хамбург, Германија.
На германски, „roter Baum“ означува црвено дрво. „th“, кое главно било укинато со јазичната реформа од 1900, се задржало во одредени имиња. Во зависност од граматичкиот контекст, може да се изговара и со n како Rothenbaum.
Историја
thumb|150px|left|Куриохаус
Од 1800, влијателните и богати граѓани на Хамбург граделе палати на бреговите на езерото Аусеналстер, да се преселат од градот во подобра средина. Пример е зградата на улицата Alsterufer бр.27, изградена од Мартин Халер—архитектот на Градски дом на Хамбург—зградата подоцна била во сопственост Антон Ридеман, основачот на Германско-американското нафтено претпријатие (Deutsch-Amerikanischen Petroleum-Gesellschaft) — подоцна Esso. До 2009, генералниот конзулат на САД ја користел зградата.
Од 1946 до 1948, судењата за воените злосторства биле одржани од британскиот вооружени сили во Куриохаус, канцелариска зграда, која е именувана по Јохан Карл Даниел Курио. Сместена во Ротербаум на Rothenbaumchaussee 15, го преживеала бомбардирањето на Хамбург. Меѓудругите, предмет на процесот во Куриохаус биле Фриц Кнехлајн за Le Paradis massacre, СС-физичарот Алфред Трзебински од концентрациониот камп Нојенгаме, познатиот хамбуршки фудбалер Ото Хардер (осуден на 15 години затвор) и компанија Tesch & Stabenow, која продавала циклон Б.KZ-Gedenkstätte Neuengamme (Hrsg): Die frühen Nachkriegsprozesse. Bremen 1997 (Beiträge zur Geschichte der nationalsozialistischen Verfolgung in Norddeutschland. Heft 3) ISBN 3-86108-322-1
Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Ротербаум имал вкупна површина од 2,9 км2. На север е квартот Харфештехуде. Јужната граница, Ротербаум ја дели со квартовите Нојштат, Занкт Паули и Штерншанце е долж железничката пруга на градските возови. На запад е квартот Ајмсбител. На исток, езерото Аусеналстер е граница со квартот Занкт Георг.
Демографија
Во 2006, 16.853 жители живееле во Ротербаум. Густината на населеност била 5.842 жители на км2. 11,3% биле деца под 18 години, а 13,7% имале 65 или повеќе години. 22,6% биле имигранти. 503 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Во 1999, имало 11.615 домаќинства, од кои 11,1% имале деца под 18 години кои живееле со нив и 63,3% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,57.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Во 2006 се случиле 3.299 кривични дела (192 дела на 1.000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Образование
Кампусите на Хамбуршкиот универзитет и Универзитетот за музика и драма во Хамбург се наоѓаат во Ротербаум. Во 2006, имало едно основно училишта, Grundschule Turmweg и едно средно училиште, the Sophie-Barat-Schule. Talmud Tora Schule, кое било основан во 1805 и затворено во 1942, повторно отворено во 2002, исто така се наоѓа во Ротербаум. Гимназијата Вилхелм се наоѓала во Ротербаум од 1885 до 1945.
Спорт
thumb|250px|Централниот терен Am Rothenbaum
Главниот тениски терен на (поранешното Отворено првенство на Германија) турнирот Хамбург Мастерс се наоѓа на стадионот Am Rothenbaum.
Хокејскиот клуб, Club an der Alster, има објекти во Ротербаум.
Шпортплац на Ротенбаум, кој бил отворен во 1910, бил стадион користен од страна на Hamburger SV и подоцна од нивниот аматерски тим и за промоција на финалните средби на крајот на секоја сезона, додека стадионот не бил урнат во 1994.
Инфраструктура
Директно на вештачкото езеро Аусеналстер е генералниот конзулат на Соединетите Американски Држави.
Здравствен систем
Во Ротербаум постојат 16 градинки, 142 лекари во приватни ординации и 9 аптеки.
Сообраќај
Ротербаум е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станиците Хамбург-Дамтор, која се наоѓа во истоименото место. Исто така, на оваа станица има и опции за возови со далечни одредишта. Hamburg U-Bahn е опслужуван преку станицата Халерштрасе.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Ротербаум биле регистрирани 5.446 приватни возила (324 возила на 1.000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Имало вкупно 201 сообраќајна несреќа, вклучувајќи 173 сообраќајни несреќи со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Надворешни врски
Statistische Daten Rotherbaum Rotherbaum auf Hamburg.de Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург