Британски прекуморски територии () — четиринаесет територии на Обединетото Кралство кои се под негова управа, иако не се составен дел од кралството.Четиринаесетте територии Тие се остатоци од Британската Империја кои немаат стекнато независност или изгласале да останат територии на Британија. Поимот „прекуморски територии“ е воведен во 2002, како замена за претходниот поим британска зависна територија (British Dependent Territory), воведен во 1981. Сè до 1981, териториите се нарекувале „Крунски колонии“ (Crown colonies).
Освен Британската Антарктичка Територија (има само истражни станици) и областите Акротири и Декелија на Кипар и Британската Индоокеанска Територија (воени бази), сите прекуморски територии се постојано населени. Вкупната површина на териториите приближно изнесува 1 727 570 км2 (од кои 1 700 000 км2 отпаѓаат на Британската Антарктичка Територија), а населението брои вкупно 260 000 жители.
Териториите Гернзи, Ман и Џерси исто така се под Британија, но имаат поинаков уставен однос со Обединетото Кралство како „крунски поседи“ (Crown Dependencies). Британските прекуморски територии се целина независна од Комонвелтот, кој е доброволно здружение на земји кои имаат историски врски со Британската Империја.
Список на британски прекуморски територии Четиринаесетте британски прекуморски територии се следниве:
Знаме Грб Име Регион Површина Население Главен град 80п 40п Ангвила Кариби и Северен Атлантик 146 км2 13 500 Вали 80п 40п Бермуда Кариби и Северен Атлантик 54 км2 64 000 (2007) Хамилтон 80px|border 40п Британска Антарктичка Територија Антарктик 1 709 400 км2 50 зиме; над 400 лете Истражна станица Ротера (главна база) 80п 40п Британски Девствени Острови Кариби и Северен Атлантик 153 км2 27 000 (2005) Роуд Таун 80п 40п Британска Индоокеанска Територија Индиски Океан 46 км2 околу 3000 британски и американски воени лица. Диего Гарсија (база) 80px|border 40п Гибралтар Пиринејски Полуостров 6,5 км2 28 800 (2005) Гибралтар 80п 40п Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови Јужен Атлантик 4 066 км2 99 Кинг Едвард Поинт/Гритвикен 80п 40п Кајмански Острови Кариби и Северен Атлантик 264 км2 51 384 Џорџ Таун 80п 40п Монтсерат Кариби и Северен Атлантик 101 км2 4 655 (2006) Плимут (напуштен поради вулкан; де факто гл. град е Брејдс) 80п 40п Питкерн Тихи Океан 45 км2(сите острови) 51 (2008) Адамстаун 80п 40п Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња Јужен Атлантик 420 км2 4 255 (само Св. Елена; 2008) 1 275 (Вознесение и Тристан да Куња) Џејмстаун 80п 40п Суверени бази Акротири и Декелија Средоземје (Кипар) 255 км2 14 000 (околу половина се британски воени лица); Епископи 80п 40п Туркс и Кајкос Кариби и Северен Атлантик 430 км2 32 000 (2006) Коберн Таун 80п 40п Фолкландски Острови Јужен Атлантик 12 173 км2 2 955 (2006) Стенли
Валути Териториите користат разни валути и комбинации, вклучувајќи ја британската фунта, американскиот долар и сопствени валути што напати се рамни на нив.
МестоМатична валута Британска Антарктичка Територија Тристан да Куња Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Островибританска фунта Гибралтаргибралтарска фунта (рамна на британската) Фолкландски Островифолкландска фунта (рамна на британската) Света Елена Вознесениесветоеленска фунта (рамна на британската) Британска Индоокеанска Територија Британски Девствени Острови Туркс и Кајкосамерикански долар Ангвила Монтсератисточнокарипски долар Бермудабермудски долар (рамен на американскиот) Кајмански Островикајмански долар Питкернновозеландски долар Акротири и Декелијаевро
Поврзано Колонијална служба Британска Империја Крунски посед Доминион Комонвелт
Наводи
Надворешни врски
Прекуморски територии - Министерство за надворешни работи на Велика Британија Здружение на прекуморските територии на Обединетото Кралство
Категорија:Надворешни односи на Обединетото Кралство Категорија:Колонијализам Категорија:Зависни територии