Жон Фредерик Жолио – Кири (19 март 1900 – 14 август 1958) — француски физичар, најпознато по тоа што во 1935 година заедно со неговата сопруга Ирен ја добиле Нобеловата награда за хемија.

Неговата сопруга Ирен ја запознал во Институтот за физика и хемија во Париз, каде што работел под надзор на нејзината мајка Марија Кири. Со неа се оженил во 1926 година и двајцата го земале презимето Жолио-Кири. Со Ирен Фредерик имал две деца - ќерката Хелен (1927 -) која станала еминентна физичарка и синот Пијер (1932 -) којшто е биолог. Фредерик Жолио–Кири според политичките верувања бил комунист, а за време на Втората светска војна и германската окупација учествувал во левичарското движење на отпор т.н. Национален фронт.

Поврзано Нобелова награда за хемија

Категорија:Луѓе од Париз Категорија:Француски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Француски нобеловци Категорија:Француски активисти Категорија:Француски комунисти Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Заповедници на Легијата на честа Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Унгарската академија на науките Категорија:Починати во Париз Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките