Бергедорф е кварт (Stadtteil) во истоимениот округ (Bezirk) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.

Историја

Квартот бил првпат споменат во 1162. Денешниот кварт е стариот град Бергедорф и се наоѓа на реката Биле, десна притока на Елба.

Географија

Бергедорф, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Хамбург, се граничи со квартовите Лобриге, Билвердер, Алермее, Курслак и Алтенгаме; и со округот Војводство Лауенбург, во Шлезвиг-Холштајн.

In 2006, the quarter Bergedorf has an area of .

Демографија

Во 2006, во квартот Бергедорф живееле 40.678. Густината на населеност била 3.587 жители на км2. 19% биле деца под 18 години, а 16,2% имале 65 или повеќе години. 9,9% биле странци. 2.479 луѓе биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, постоеле 19.603 домаќинства и 38% од сите домаќинства биле составени од поединци.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Бергедорф биле регистрирани 15.104 приватни возила (372 возила/1000 луѓе).

Постојат 8 основни и 5 средни училишта во квартот Бергедорф и 112 лекари во приватни ординациии и 12 аптеки.

За разлика од останатите квартови на Хамбург, Бергедорф сè уште го има своето градско собрание.

Познати жители

Јохан Адолф Хасе Хајнрих Ратман Фридрих Кризандер Ида Бој-Ед Фердинанд Пфол Бернхард Шмит Антон Алојс Тимпе Курт А. Кербер Франк Апел Јерг Пилава

Наводи

Надворешни врски

Службена страница Бергедорф Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)

Категорија:Четрти во Хамбург