Зангерхаузен — поранешен округ во јужниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север надесно) Кведлинбург, Мансфелд, Мерзебург-Кверфурт и окрузите Кифхојзер и Нордхаузен во Тирингија. Бил припоен на 1 јули 2007 во новиот округ Мансфелд-Јужен Харц, како дел од реформата во Саксонија-Анхалт.

Историја

Округот бил создаден на 1 октомври 1816, откако Саксонија-Вајсенфелс станал дел од Прусија во 1815. Во 1945, Amt Allstedt бил додаден на округот, во 1952 некои општини биле отфрлени од округот, со што се намалила површината од 773 на 689 км2. Во општинската реформа од 1994, округот останал непроменет.

Географија

Највисоката точка во округот е Гросер Ауерберг близу Штолберг со 579 метри надморска височина, најниската точка е на 119,8 метри, близу Куртсгехофенмиле, југозападно од Алштет.

Грб

140px|ГрбТриаголникот во грбот ги симболизира ридовите на користената руда од рударската индустрија во округот. Внатре во триаголникот е роза, која стои поради познатиот Розариум во градот Зангерхаузен. Под триаголникот се два клопки, кои се преземени од грбот на Зангерхаузен.

Градови и општини

ГрадовиЗаедници на општини Зангерхаузен Алштет-Калтенборн (вкл. го градот Алштет) Голдене Ауе (вкл. го градот Келбра) Росла-Зидхарц (вкл. го градот Штолберг)

Категорија:Поранешни окрузи во Саксонија-Анхалт