right|мини|десно|250п|Молики во националниот парк Пелистер мини|десно|250п|Стебло на секвоја Дрво — повеќегодишно цврсто растение со многу разграноци извишени над земјата што стојат на стебло.Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5. Некои стручњаци определуваат минимална висина, која се движи од 3 мRushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9. до 6 м;Mitchell, A. F. (1974). A Field Guide to the Trees of Britain and Northern Europe. Collins ISBN 0-00-212035-6, додека пак некои даваат минимален пречник на стеблото од 10 см (обиколка од 30 см). Дрвнестите растенија што не го задоволуваат критериумите бидејќи имаат повеќе стебла и/или низок раст се нарекуваат грмушки, иако постојат многу дрва што не ги задоволуваат тие критериуми. Во споредба со највеќето други растенија, дрвата живеат значително подолго - некои достигнуват старост од неколку илјади години и висина од 115 м.Gymnosperm Database: Sequoia sempervirens

Дрвјата се важен дел од природните предели бидејќи спречуваат одрон на земјиштето и овозможуваат постоење на екосистеми кои се заштитени од временските прилики под нивните лисја. Играат важна улога и во производството на кислород, ја намалуваат содржината на јаглерод диоксид во атмосферата и ја регулираат температурата на почвата. Исто така претставуваат важни елементи во пределното уредување и земјоделството, како од естетски, така и од стопански причини (на пр. во овоштарството). Дрвниот материјал има големо значење во градежништвото и како извор на енергија (гориво). Дрвјата фигурираат во митологијата и народните преданија на најразлични култури.Going Out On A Limb With A Tree-Person Ratio, Morning Edition, National Public Radio. 12 ноември 2008.

Класификација Дрвото како растителен облик се јавува во голем број на редови и фамилии. Највеќето денешни дрвја се цветни растенија (скриеносеменици) и четинари. Растат во најразлични облици, со разни видови листови, кори и органи за размножување.

Како облик, дрвјата еволуирале во посебни класи, независно едно од други, како реакција на слични промени во животната средина, и како такви се класичен пример на паралелна еволуција. На светот постојат околу 100.000 видови дрвја, што претставува 25% од сите видови растенија. Најголем број на видови виреат во тропските региони и сè уште не ѝ се доволно познати на ботаниката.Friis, Ib, and Henrik Balslev. 2005. Plant diversity and complexity patterns: local, regional, and global dimensions : proceedings of an international symposium held at the Royal Danish Academy of Sciences and Letters in Copenhagen, Denmark, 25–28 мај 2003. Biologiske skrifter, 55. Copenhagen: Royal Danish Academy of Sciences and Letters. стр 57-59.

Првите дрволики организми биле дрвенестите папрати, пршликите и пречицовидните, кои растеле во шуми во периодот карбон, но овие растенија се прадрвја, а не вистински дрвја, бидејќи немале дрвенести ткива. Вистинските дрвја се развиле во периодот тријас, кога се јавиле класите со дрвенесто ткиво како четинарите, гинката, цикасовите и другите голосеменици. Во периодот креда се појавиле и цветните растенија во облик на дрвја.

Мала група дрвја се нарекува шумјак или забел, а поголемо подрачје густо обраснато со дрвја се нарекува шума. Неколку биотопи во природата зависат од дрвјата што виреат во тоа подрачје. Вакви примери се дождовната шума и тајгата. Пошироките предели каде дрвјата се поретки, а меѓу нив доминираат тревнати површини се нарекуваат савани. Шумата со голема старост се нарекува прашума.

Морфологија мини|десно|„Хиперион“ - највисокото дрво во светот

Дрвото ги има следниве делови: корења, стебло, гранка, ластегарки и листови. Стеблото се состои главно од потпорно и преносно ткиво (ксилем и флоем). Дрвниот материјал има ксилемски клетки, а кората е сочинета од флоемски и други ткива кои не се поврзани со васкуларниот комбиум. Дрвјата можат да бидат егзогени и ендогени, зависно од начинот на кој се зголемува пречникот на стеблото. Егзогените дрвја, каде спаѓаат највеќето (сите четинари и речиси сите широколисни дрвја) растат со придодавање на нов слој, веднаш под кората. Ендогените пак, кои се главно монокотиледонски (на пр. алоето и дракената), растат со придодавање на материјалот во облик на засебни снопови во рамките на постоечкото стеблено ткиво.

Родовите и видовите на дрвјата се препознаваат по нивниот облик, особеностите на кората, листовите, цветовите и плодот. Листовите можат да бидат листопадни или зимзелени.

При растот, егзогените дрвја образуваат годови, кои се прстени од дрвен материјал што нараснуваат на постоечкото ткиво. Видовите што растат во деловите од светот каде има разни годишни времиња имаат годови со разни нијанси и тврдини. Во умерените и тропските појаси со по една промена „суво-влажно“, годовите се создаваат во текот на една година (пар од посветол и потемен прстен). Во подрачјата со две суви и две влажни сезони, годината ја претставуваат два пара од светли и темни прстени. Во полупустинските региони со нередовни врнежи, годовите растат по секој дожд.Mirov, N. T. (1967). The Genus Pinus. Ronald Press. Во тропските дождовни шуми со рамномерни временски услови годовите не се видливи и дрвото има една боја. Годовите се показател за староста на дрвото, која се утврдува со нивно броење (дендрохронологија), но кај тропските дрвја ова е неизводливо поради отсуството на забележливи годови, а истото важи и за ендогените дрва.

Корењата на дрвото се главно под земја, закотвувајќи ја надземната биомаса и служат за впивање на вода и хранливи состојки од почвата. Иако корењата се од суштинска важност за растот на дрвото, над 90% од биомасата е производ на јаглерод диоксидот што дрвото го прима од атмосферата (вид. фотосинтеза). Над земјата, стеблото ги извишува гранките со лисја, со што дрвото се натпреварува со околните растенија за што повеќе сончева светлина. Кај многу дрвја, гранките се така распоредени за да се добие најголема можна изложеност на сонце.

Знаменити дрвја

Најзнаменитите дрвја во светот се рекордери во извесна класа. Ова може да биде висина, пречник или обиколка на стеблото, севкупна големина и возраст.

Највисоко Секвоја (Sequoia sempervirens): 115,56 м, примерок: „Хиперион“ во националниот парк Редвуд, Калифорнија, САД

thumb|upright|Поглед кон крошната на дрвото.

Најдебело Мексикански барски чемпрес (Taxodium mucronatum): 11,62 м, примерок: „Арбол дел Туле“ во Санта Марија дел Туле, Оахака, Мексико.Gymnosperm Database: Taxodium mucronatum Тука се вклучени и потпорните делови при основата на дрвото; фактичкиот идеализиран пречник би изнесувал 9,38 м. Најголемо Џиновска секвоја (Sequoiadendron giganteum): 1.487 м3 (зафатнина), примерок: „Генерал Шерман“. Најстаро Долговечен бор (Pinus longaeva), примерок „Метузалем“: 4.844 годиниGymnosperm Database: How Old Is That Tree? . проверено на 17 април 2008

Дрвото како тема во уметноста и во популарната култура Дрвото како мотив во книжевноста „Јавор цутит, јавор капит“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33. „Дрво“ — песна на норвешкиот поет Беристерне Бернсон.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 85-86. „Кога би оделе дрвјата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 57-58. „Летен ветер“ — песна за деца на Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 58-59. „Дрвото на јаничарите“ - роман на писателот Џејсон Гудвин.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18. „Бреза и даб“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 55. „Бреза и даб“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.Отон Жупанчич, „Цицибан“ (второ издание), „Кочо Рацин“, Скопје, 1959, стр. 34. „Топола“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 51-52. „Дрво“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 79-80. „Суво дрво“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 47. „Даб“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 38.</ref> „Стебло“ — песна на Блаже Конески.<ref>Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 39. „Песна за маслинките“ — песна на Блаже Конески од 1953 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 24. „Дрвче пресадено од Кожув“ — песна на Блаже Конески од 1984 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 97. „Младиот кедар“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 73. „Меѓу дрвјата“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 71. „Круша“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69. „Одмазда“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 72. „Исекоа три дрвја“ (шпански: Cortaron tres arboles) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 66. „Дрвце дрвце“ (шпански: Arbolé arboleé) - песна на Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 73-74. „Дрво во долот“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 92-93. „Зимски дрвја“ (англиски: Winter Trees) - поетска збирка на американската писателка Силвија Плат од 1971 година.Vladislava Gordić Petković, „Opasno leto 1953: lekcije o suicidu“ во: Silvija Plat, Stakleno zvono. Beograd: Laguna, 2017, стр. 16. „Принцезата бреза — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 9-10. „Дрво што крвави“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 8. „Две стебла благуни“ - песна на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 67. „Дрво“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 529. „Маслинка“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 446. „Сама Бука“ - поема на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 171-172. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 444-445. „Два јавора“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 49-51. „Големите дрвја на Лондон“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 141-142. „Антијар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 173-174. „Стебло“ (српски: Стабло) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 74.