Гренландскиот или калалисутски јазик — ескимско-алеутски јазик кој главно се зборува во Гренланд од околу 57.000 жители. Гренландскиот јазик е сроден со староседелските јазици во Канада, особено со инуитските јазици. Стандардниот гренландски јазик се заснова на западниот дијалект наречен калалисутски и истиот е единствен службен јазик во Гренланд од 2009 година. Покрај западниот, гренландскиот е составен од источен или тунумитски дијалект и поларно-ескимски или инуктунски дијалект.
Гренландскиот е полисинтетичен јазик кој дозволува создавање на долги зборови преку комбинирање на корени и афикси. Гренландскиот создава свои зборови за нови технолошки појави, но во последно време јазикот директно прифаќа зборови од англиско или данско потекло. Јазикот се пишува на латиница уште од данската колонизација во 170-те години. Првиот гренландски правопис бил создаден од Самуел Клајншмит во 1851, во јазикот од тогаш доста многу се променил, најмногу во поглед на гласовниот систем. Со реформите од 1973 година, гренландското писмо се поедноставило и станало полесно за изучување.
Историја Гренландскиот јазик бил донесен во Гренланд со доаѓањето на народот Туле во 1200-те години. Денес не е познато кој јазик се зборувал од страна на претходната Сакачка и Дорсетска култура во Гренланд.
Првите описи за гренландскиот датираат од 1600-те години, и со доаѓањето на данските мисионери во раните 1700-ти години. Тогаш започнала данската колонизација на Гренланд и со тоа биле направени првите почетоци за создавање први речници и опис на гренландската граматика. Мисионерот Паул Егеде го напишал првиот гренландски речник во 1750 година, а првата граматика во 1760 година.Rischel, Jørgen. Grønlandsk sprog. Den Store Danske Encyklopædi Vol. 8, Gyldendal
Од времето на данската колонизација во 1700-те па до гренландската самоуправа во 1979 година, гренландскиот доживеал зголемен притисок од данскиот јазик. Во 1950-те данската јазична политика била насочена кон замена на гренландскиот со данскиот. Првенствено таквата замена била во образованието и официјалната употреба на јазикот во државата.
Од 1851 до 1973, гренландскиот користел сложен правопис кој бил направен од мисионерскиот јазичар Самуел Клајншмит. Во 1973 година бил воведен нов правопис за гренландскиот јазик чија намера била да се доближи пишаниот јазик со говорниот, кој патем значително се променил од времето на Клајншмит. Овие реформи стапиле на сила веќе следната година и со тоа писменоста на гренландскиот јазик значително се зголемила.Goldbach & Winther-Jensen (1988)
До јуни 2009 година, гренландскиот бил официјален во Гренланд заедно со данскиот. Од тој момент навака, гренландскиот е единствен службен јазик во државата. Со тоа, гренландскиот јазик станал уникатен пример за еден староседелски јазик во Америка во однос на усвојување на закон и признавање на староседелскиот јазик како единствен официјален на територијата на државата. Сепак, УНЕСКО сè уште го класифицира јазикот како ранлив.UNESCO Interactive Atlas of the World’s Languages in Danger Нивото на писменост во државата е 100%. Поради фактот дека западногренландскиот се наметнал како стандарден во државата, останатите дијалекти се сметаат за загрозени и активо се преземаат мерки за зачувување на источногренландскиот дијалект. Ваквите статуси на загрозеност се првенствено поради општиот природен број на население, не само на дијалектите туку и во државата.
Писмо Гренландскиот јазик се пишува на латиница. Современиот гренландски правопис е од 1973 година, со кој се заменил постариот и посложен правопис. За разлика од останатите инуитски јазици, гренландскиот не се пишува со канадското слоговно писмо.
гренландска азбукаAa Ee Ff Gg Hh Ii Jj KkLl Mm Nn Oo Pp Qq Rr SsTt Uu Vv приближни македонски еквивалентиаефгхијклмнопкрстув
За странски зборови и имиња, во јазикот се користат и другите латинични букви, најчесто: B, C, D, W, X, Y, Z, Æ, Ø и Å.
Наводи
Поврзано Ескимско-алеутски јазици Инуитски јазици Гренланд
Надворешни врски Гренландски јазик на Omniglot Гренландски за странци Гренландски јазичен секретаријат Гренландски технолошки јазичен проект Библијата на гренландски Вести на гренландски Ресурси за гренландскиот јазик
Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Гренланд Категорија:Јазици во Данска Категорија:Индијански јазици во Северна Америка Категорија:Инуитски јазици Категорија:Безвременски јазици