Одеса (, , ) — град во Украина на Црното Море. Одеса е големо пристаниште и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било 1 012 500 жители. Во 1945 г. година е прогласен за град-херој.

Претходница на градот Одеса било едно мало место населено со Татари, чиј водач бил Хаџи I Герај, кримски хан, по кого и тогашното гратче се викало „Хаџибеј“. По кус период на литванско владеење, градот потпаднал под османлиска власт во 1529 г. Под нивна управа останал сè до поразот на Османлиите во Руско-турската војна од 1792. Денешната Одеса била изградена по декрет од кралицата Катерина II во 1794. Од 1819 до 1858 градот бил слободна зона, а за време на Советскиот Сојуз претставувал главно поморско упориште и важна база за морнарицата. На 1 јануари 2000 г. одеското пристаниште било прогласено за слободна економска зона во период од 25 години.

Во 19. век Одеса бил четвртиот најголем град во Руската Империја, веднаш зад Москва, Санкт Петербург и Варшава. Архитектонскиот стил на градот повеќе наликува на оној од средоземните земји, отколку на стилот од словенските. Дел од постарите градби се мешавина од модернистички, ренесансен и класичен стил.

Одеса е стратешки важен пристаништен град на Црното Море. Пристаништата Јужна и Иличовск се двете витални точки на градот. Тие меѓусебно се поврзани со развиена и модернизирана железница. Во градот се изградени неколку нафтени и хемиски фабрики, кои преку долги цевководи се поврзани со Русија и земјите од ЕУ.

Демографија Украинците се доминатниот етникум со 62% од вкупното население во Одеса. Руското малцинство е доста застапено, со 29% од популацијата во милионски населениот град. И покрај тоа што поголемиот дел од жителите национално се произнесле како Украинци, рускиот јазик е јазикот кој најмногу се говори во градот, па дури и од страна на мештаните со не-руско потекло. Освен овие две етнички групи, во Одеса уште живеат Албанци, Ерменци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци, Евреи, Роми и Турци. Пред почетокот на Втората светска војна, во местото имало голема еврејска заедница, но поради нивната масовна депортација во концентрационите логори, нивниот број значително опаднал. Во текот на 1970-тите и преостанатите Евреи се иселиле од градот во странство. Во прилог е табелата со бројот на вкупното население по определени временски периоди. Според извршените пописи и проценкиГодинаНаселение179512217994.117181420.000182060.0001850100.0001873181.0001881208.0001900400.0001910500.00020011.029.0002006993.00020071.080.00020101.009.00020111.004.00020121.007.000

Клима Одеса има суптропска клима, со влијанија од континентална и степска клима. Поради овие поволни климатски услови, туризмот во градот бележел постојан развој. За време на царска Русија, богатите болни луѓе биле испраќани на престој во ова крајбрежно место како би се одмориле и закрепнале. Вредно е да се спомене дека таму снегот е многу ретка појава, за што придонесува топлото зимско време. Зимите се благи и суви, а температурата на воздухот ретко оди под нулата. Речните корита во Одеса никогаш не замрзнуваат. Што се однесува до летата, тогашната просечна температура е над 30 °C.

Личности мини|100px|десно|Михаил Воронцов мини|100px|десно|Александар С. Пушкин Јосип Михајлович де Рибас (1749-1800) - руски воен адмирал, се смета за татко на градот Одеса. Арман Емануел де Плеси Ришелје (1766-1822) - француски државник, привремено гувернер на Одеса. Михаил Воронцов (1782-1856) - руски принц и фелдмаршал, познат по успесите во војните со Наполеон и во Кавкаската војна (1844-1853). Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837) - руски поет од ерата на романтизмот. Адам Мицкевич (1798-1855) - полски поет, есеист, публицист и преведувач. Михаил Александрович Врубељ (1856-1910) - руски сликар од модернистичкиот правец симболизам. Владислав Гордецки (1863-1930) - руско-полски архитект. Борис Фармаковски (1870-1928) - руски археолог. Иван Бунин (1870-1953) - прв руски поет добитник на Нобеловата награда за литература. Владимир Филатов (1875-1956) - украински лекар-офталмолог и академик. Корнеј Иванович Чуковски (1882-1969) - руски поет за деца. Константин Паустовски (1892-1968) - советски писател номиниран за Нобеловата награда за литература во 1965 г. Исак Бабељ (1894-1940) - руски новинар и драматург. Едуард Багрицки (1895-1934) - влијателен советски поет од стилот конструктивизам. Иљја Илф (1897-1937) - популарен советски писател. Свјатослав Рихтер (1915-1997) - украински музичар и пијанист. Емил Гилељс (1916-1985) - советски пијанист.

Меѓународни односи Збратимени градови Ванкувер, Канада (од 1944) Ливерпул, Велика Британија (од 1957) Оулу, Финска (од 1957) Сплит, Хрватска (од 1964) Александрија, Египет (од 1968) Јокохама, Јапонија (од 1968) Џенова, Италија (од 1972) Марсеј, Франција (од 1973) Балтимор, САД (од 1975) Сегед, Унгарија (од 1977) Валенсија, Шпанија (од 1982) Калкута, Индија (од 1986) Регенсбург, Германија (од 1990) Констанца, Романија (од 1991) Варна, Бугарија (од 1992) Хаифа, Израел (од 1992) Лоѓ, Полска (од 1993) Пиреја, Грција (од 1993) Триполи, Либија (од 1993) Циндао, НР Кина (од 1993) Кишинев, Молдавија (од 1994) Ереван, Ерменија (од 1995) Никозија, Кипар (од 1996) Истанбул, Турција (од 1997) Леон, Мексико (од 2012)

Градови партнери Таганрог, Русија (од 1993) Москва, Русија (од 1995) Гдањск, Полска (од 1996) Тбилиси, Грузија (од 1996) Минск, Белорусија (од 1996) Талин, Естонија (од 1997) Волгоград, Русија (од 2001) Санкт Петербург, Русија (од 2002) Клајпеда, Литванија (од 2004) Брест, Белорусија (од 2004) Ларнака, Кипар (од 2004) Валпараисо, Чиле (од 2004) Виена, Австрија (од 2006) Нингбо, НР Кина (од 2008)

Галерија Култура

Траснпорт

Поврзано Одеска област Административна поделба на Украина

Наводи

Литература На англиски

На украински Болдирєв О. В. Одесі — 600: Іст. нарис. — О.: Юг, 1994. — 72 с. Герлігі, Патриція. Одеса: Історія міста, 1794–1914. Київ: Критика, 1999 (ISBN 966-7679-04-7). Сапожников Ігор Вікторович, Сапожникова Г. В. Запорожские и черноморские казаки в Хаджи-бее и Одессе (1770—1820-е годы). — О., 1998. — 272 с. — (монографія). Трусов Юрій Сергійович — Хаджибей (трилогія). Бучач і Бучаччина

Надворешни врски

, и , и , и

Категорија:Градови во Украина Категорија:Црно Море Категорија:Украинска морнарица Категорија:Градови-херои на Советскиот Сојуз Категорија:Населени места основани во 1794 година