Ѓулистана Марковска, Јумеровска (ромски: Džulistana Jumerovska Markovska; Куманово, ) — македонска политичарка и пратеник.
Животопис Марковска е родена 1961 година во Куманово. Завршила Медицински факултет, специјалист по очни болести. Работела како општ лекар во Медицинскиот центар во Куманово и како лекар специјалист во Воената болница во Скопје. Таа била пратеник во Македонското Собрание во 1991 година како пратеничка на тогашниот Сојуз на реформски сили, а потоа дејствувала како независна. Во пратеничките клупи минала уште четири години, од 1998 до 2002 година, како дел од тогашната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љупчо Георгиевски. Живее во Скопје.
Наводи
Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Македонски Роми Категорија:Живи луѓе