Селемли — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на Селемлиското Езеро, мало вештачко езеро во непосредна близина на селото
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Богданци, чиј атар се допира со државната граница со Грција и има премин. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 11 километри. Селемли е сместено јужно од селото Стојаково, со кое е поврзано со асфалтен пат.
Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 160 хектари, а на шумите само 4 хектари.
Во јужниот дел на селото се наоѓа малото вештачко езеро Селемлија, изградено во 1970-тите години за наводнување на лозовите насади.
Историја Подрачјето на Селемли е населено уште во доцната антика, за што сведочат остатоците на наоѓалиштето Голема Чешма крај езерото јужно од селото.
Во век, Селемли било турско село во рамките на Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Во основа, селото има полјоделска функција.
Населението во Селемли претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селемли имало 250 жители, сите Турци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Со растот на бројот на населението, селото преминало од мало во средно село по големина. Така, во 1961 година, Селемли имало 287 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 342 жители, од кои 311 Срби и 31 Македонец.
Според пописот од 2002 година, во селото Селемли имало 327 жители, од кои 35 Македонци и 292 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 255 жители, од кои 43 Македонци, 191 Србин, 1 останат и 20 лица без податоци.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Поглед на полето околу селото, а во далечина ветерните турбини на ветропаркот „Богданци“ мини|300п|десно|Поглед на селото
Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 370 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква во изградба, започната во 2011 г, но до 2017 година биле поставени само темелитеЗабележано од членовите на проектот „Викиекспедиции“ за време на втората експедиција во Бојмија на 23 април 2017 година.
Археолошки наоѓалишта Голема Чешма — населба од доцната антика
Езера Селемлиско Езеро — вештачко езеро
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гевгелиски села Категорија:Села во Општина Богданци Категорија:Македонско-грчки гранични премини