Фелицита Римска (101-165) е христијански светец и маченик.

Како христијанка, од царот Антонин Пиј, во 164 година, заедно со нејзините седум синови, била осудена на смрт. се молела на Бога само да не ја погубат неа пред синовите за да можe да ги охрабрува при мачењето и убивањето. Според христијанските верувања, оваа ненадмината мајка со радост ги испраќала еден по еден синовите додека не ги испратила сите седум и не ги видела погубени. Тогаш и таа со благодарност кон Бога ја примила маченичката смрт. Сите пострадалe во Рим кадe што им се наоѓаат и моштите„Охридски пролог“ стр. 35.

Освен нејзиното име, единственото нешто познато е тоа што била погребана на гробиштата на Максим на 23 ноември"Calendarium Romanum" (Libreria Editrice Vaticana, 1969), p. 146. Легендата за Фелицита Римска многу потсеќа на онаа на Света Симфороза, а според некои станува збор за иста личност.

Православната црква неговиот ден го чествува на 25 јануари.

Наводи

Категорија:Христијански светци од 2 век Категорија:Христијански маченици од 2 век Категорија:Светици Категорија:Родени во 101 година Категорија:Починати во 165 година