мини|десно|150п|Елена Цилка на 23 месеци Тероризмот на Македонската револуционерна организација во почетокот се применувал со двојни цели: 1) Како средство за добивање приврзаници 2) Како заштита од предавста од внатрешните или надворешните луѓе, кои и служеле на власта, кои му пакоселе на македонското револуционерно дело, а често и како средство за добивање на материјални средства. Според еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров, теророт, како притисок, форма на убедување, се употребувал за агитирање само во неколку случаи и тоа поради неопходност Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, 2003.
Постепено тероризмот на Организацијата, под притисок на ситуацијата, се развивал. Покрај ликвидациите на оделни предавници или потисници на македонското население, се започнало со грабнување на оделни лица за откуп. Најпознато е грабнувањето на мис Елен Стон, а аферата Мис Стон, според времетраењето, спектакуларноста, добиените финансиски средства и афирмацијата на македонското револуционерно дело на меѓународен план е најголемата афера во историјата на Македонската револуционерна организација. Главни глумци во неа биле Јане Сандански, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и грабнатата Мис Стон која била првиот американски граѓанин киднапиран надвор од територијата на САД.
Непосредно пред самото Илинденско востание се наметнало прашањето за атентаторството. Гоце Делчев со својата чета на 18/19 март 1903 година го разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била прекината железничката линија и две телеграфски лини, тоа било демонстрација на новата концепција за борба. Ликвидации мини|лево|150п|Спиро Килимановмини|десно|150п|Кама Против своите надворешни и внатреши непријатели, Организацијата се служела со терор во неговата најсилна форма - убиството. Во почетокот ликвидациите се вршеле од специјални луѓе - терористи, кои биле единствена активна сила на Организацијата, подоцна истата функција се префрлила на четите и Четничкиот институт. Должностите на терористите биле регулирани уште со првиот правилник на Организацијата кога биле регулирани првата на членовите, односно на припадниците на Тајната полиција. На чело на казненото одделение, еден одел на полицијата, стоел раководител кој бирал свој тројца помошници. Главна задача на казненото одделение се состоела од спроведување на казните, првенствено смртните, а извршителите на казните биле бирани со ждрепка. Членовите на тајната полиција биле вооружени со револвер и кама, а во акција и со два револвера. Камата одиграла крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна. Ѓорче Петров истакнува:
Во редовите на терористите имало вистински мајстори на камата. Спиро Келиманов од Штип, кавалерот на камата, бил лично создаден од Гоце Делчев. Тој го извадил од дното на општетсвената кал и создал од него легендарен херој. Келиманов обично ги фаќал жртвите за десната со својата лева рака, и кога жртвата не сакајќи ќе ја дигнала левата рака за одбрана, Келиманов му ја забивал камата параво во срце. Ако не го погодил во срцето, а тоа ретко му се случувало, тој ја пуштал жртвата со преубедување дека човекот имал дни за живот.
Нечо од Битола ја забивал камата само откако ќе ја легнел жртвата и ја притискал со коленото, но пред да ја забие камата, се прекрстувал, бидејќи бил побожен и допуштал убиство само кога тоа се правело за народот. Хаџи Коцев се фрлал како мачка на грбот на жртвата и операцијата ја извршувал на вратните жили.
Меѓутоа ликвидации се извршувале и со друго ладно оружје. Стојанчо Лазов од Прилеп го убил предавникот србоман, Поп Антонов со секирче по глава, сред бел ден во турското маало. Звукот на тоа секирче дало одзвук во цела Македонија и оттогаш почнало отворено да се посегнува на поединечните непријатели на делото, кое ги направило терористите да бидат сигурни и посилни. мини|лево|150п|Андон Ќосето - Касапот Во перидот кога сè уште се преземале конкретни мерки за создвање на вооружени сили на Организацијата, Даме Груев лично го ангажирал терористот Андон Ќосето, познат како Касапот. Ќосето добива директно нареддби од Даме. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја криел своојата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот поголеми брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат Пејчиновиќ Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55.. Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш, со помош од гевгелиските раководители на: Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов во Гевгелија пред очите на кајмакамот го ликвидирале Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доушник на властите. Тој во своите спомени истакнува:
Од Велес некои му пишале на Даме Груев. Јас ништо не знаев за организацијата! Бев слушнал нешто, меѓутоа како во сон... Во тоа време имаше еден Тано Мурџев... Даме груев го задолжил да го пронајде тоа момче (Ќосето б.н)... Ме ставија за таен полицаец. Гледаат дека ме бива за таа работа. Ми дадоа да извршам една акција, едно убиство. И тоа сврши. После една ноќ му забив нож на еден Грк... Во тоа време во Солун имаше еден Србин по име Борис... Започнав да го следам за да го премавнам... Една вечер јас влегов Коломбо. Одзади имаше градина. Седнав и си порачав пиво. Не мина многу време и пристигна Борис, оној што го барав. Требаше да го убијам, за да се одмазам за Ганевото убиство, за убиството на учителот. Тој беше силен маж на Србте. На излегување му го удрив ножот... и бегам за да излезам преку вратата. Еден полицаец по име Умер ефенди, се пушти за да ме фати. Но додека тоа да го стори, јас грмнав со револверот и го удрив... и преку него избегав... Јас продолжив да бидам пајтонџија на д-р Татарчев (Христо б.н), а истовремено ги извршував доверените терористички акции... Јас бев слушнал за Делчев, но лично не се познавав со него. За моето родно место знаеше само Дамјан Груев. Му кажав на Даме - Ако сакаш да си останеме пријатели, не треба да кажуваш на никому каде сум роден, инаку ќе те убијам. Тогаш кога го чу тоа, Даме се насмеа и запраша: Дали би посегнал по мене, Андоне? Јас му одговорив, дека тоа би го извршил! И Даме ја зачува до крај тајната на моето село, до крај - до својата смрт. Спомени на Андон Ќосето
Организацијата извршила голем број на ликвидации врз разните потисници на македонскиот народ. Меѓу нив спаѓа и ливидацијата на Хусеин-пеливан. Тој бил најпрочуен разбојник во Тиквешијата, а себеси се нарекувал Хусеин-капетан. Во 1898 година поради своите злосторства бил осуден и зтворен во Једи Куле, Солун. Меѓутоа во 1899 година бил амнестиран и се вратил во селото Тимјаник. Хусеин-пеливан со својата вооружена придружба постојано им се заканувал луѓето со смрт за да им собира пари. Неговите злосторства биле под покровителство на тиквешкиот кајмакам Шефки-беј. Поради таквата дејност, Хусеин-пеливан бил осуден на смрт од страна на Неготинскиот месен комитете на Македонската револуционерна организација. Како погоден момент за негова ликвидација била искористена свадбата на Коле Јорданов со Олга Бакалова во номеври 1899 година . Организацијата занејќи ги манирите на Хусеин-пеливан му поставила три заседи во неготинската чаршија. Хусеин-пеливан ги пресретнал свадбарите во чаршијата, ги застанал, а на музиката и наредил да му ги свири неговите омилени песни. Истовремено побарал невестата и младоженецот да му целиваат рака, а останатите моми да му играат оро Камчевски Петре, Револуционерното движење во Тиквешијата до Балканските војни, Кавадарци, 1995. Но овој пат никој не ги исполнил неговите желби. Хусеин-пеливан си заминал налутен и посрамен, заканувајќи им се на сите дека ќе име се одмази. Меѓутоа, не стигнал далеку. Хусеин-пеливан налетал на првата заседа во која биле Гошо Марков, Пано Џунов и Нацо Подлешов - касапот. Хусеин-пеливан бил убиен, а Нацо касапот му ја пресекол главата и му ја фрлил во бразда . Оваа убиство останало трајно запишано во историската меморија на македонскиот народ и е опеано во песната Усо Темјанички (позната и како Царот Неготински):
- Не ми оди, Усо, на каурска свадба, каури се лоши, ќе се поднапијат каури се лоши, ќе се поднапијат ќе се поднапијат, ќе ми те убијат! Усо Темјанички
Биле извршувани ликвидации и врз личности кој со својата дејност, според погледите на револуционерните раководители, ги загрозувале интересите на Организцијата. На 23 февруари 1898 година (стар стил) во Цариград, Димитар Македонски бил ликвидиран од страна на Ефтим Гештаков, терорист на Организацијата А. Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма (ред. А. Пасков). София, 1995. Македонски бил убиен од страна на Организацијата поради напис во весникот Новини. По објавувањето на написот, учителот Битраков од Охрид истакнал дека Македонски нема да остане жив. Откако веста за неговото убиство пристигнала во Солун, Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Христо Батанџиев и Христо Матов кој дошол специјално од Скопје, се собрале во Бошњакан и набргу им се придружил сопственикот на анот - Васил Мончев (кој бил меѓу првите членови на организацијата), тогаш Иван Х. Николов сакал да почасти коњак за убиството, а Мончев набргу заминал, и му препорачал на Дамјан Груев повеќе да не доаѓа во гостилницата. Бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов претпоставувал дека ликвидацијата на Македонски била наредена од Задграничното претставништво на Организацијата во Софија, а неговата ликвидација била извршена од страна на Цариградскиот комитет на чело со Трајчев . Шопов истакнува дека убиството на Димитар Македонски било извршено со цел за да се изврши притисок врз егзархиските чиновници и Бугарската црква (Бугарска егзархија) чие седиште се наоѓало во Цариград за да бидат поставени учители во Македонија според потребите на Организацијата . Притоа, Шопов истакнува дека:
Македонски беше лош дух за нив, бидејќи не им го одобруваше поведението, им го поткопуваше влијанието во Цариградското агенство и настојуваше да ги отргне ресенските градинари со кои се служела организацијата.
Теророт како форма на убедување мини|лево|180п|Михаил Апостолов - Попетомини|десно|250п|Апостол Петков Терзиев До Илинденското востание теророт, како притисок, форма на убедување, се употребувал за агитирање само во неколку случаи и тоа поради неопходност. Апостол Петков во едно село во Ениџе Вардарско ги натерал првенците на селото да му дадат збор, дека ќе влезат во Организацијата за да работат слободно посиромашните селани што веќе влегле во Организацијата. Христо Чернопеев ги натерал селаните од Костурино да влезат во Организацијата, затоа што селото било на патот од Струмица кон Вардарската Долина.
Михаил Апостолов - Попето во едно патријаршиско село, кое му било неопходно за слободно движење на четите и за превоз на материјали, спровел морален терор над коџабашијата, првенец во селото, за да го натера да престане со кодошење кај Турците. Тој со својата чета сред бел ден влегол во селото облечен во војничка униформа, му влегол во куќата, ја соблекол униформата, а кога коџабашијата го видел, се стаписал од страв. Го смириле дека ништо нема да му напрвата. Коџабашијата почнал да ги моли да не го компромитираат пред селаните бидејќи тие можеле да јават на власта. Попето му одговорил:
ако ти е страв дека селаните ќе кажат дека во твојата куќа се кријат комити и ти си играл оро со нив, тогаш и ти откриј ги другите, кога ќе ги видиш со комити или кога вршат некоја комитска работа. Како што гледаш ние сме добри луѓе и не сме лоши комити.