Битка за Арачиново — оружено судирање и борба помеѓу македонските безбедносни сили составени од АРМ и МВР и албанските терористи на ОНА во селото Арачиново која се случила од 21 јуни 2001 до 25 јуни 2001 година. Оваа битка помеѓу македонските безбедносни сили и албанските терористи се смета како најконтроверзна во целиот Воен конфликт во Македонија, 2001, бидејќи со вклучувањето на највисоките претставници на НАТО: Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Питер Фејт во запирањето на акцијата на македонските сили и извлекувањето на албанските терористи, се случил клучниот пресврт во воената криза кој значел дека таа понатаму ќе биде разрешена со политички средства и посредство на НАТО, наместо со воени средства.

Претходни настани

Од крајот на февруари 2001 година, во Македонија се случуваат сериозни вооружени судири и инциденти помеѓу македонските безбедносни сили составени од АРМ и МВР и вооружени албански терористички групи на т.н. ОНА. По успешните три поголеми воени операции МХ во Тетовско, МХ-1 на Скопска Црна Гора и МХ-2 во Кумановско, како и повеќе помали воени операции „Оган“ во Руѓинце, операцијата во Ваксинце за разбивање на терористичките единици, сè до почетокот на мај немало поголеми оружени инциденти. Сепак по распуштањето на ОВПМБ во Јужна Србија на 25 мај 2001, дел од истите се префрлиле во Македонија во Карадачкиот крај, поточно се префрлила 114 бригада со околу 175 борци, со минофрлачи 82 мм, 120 мм и систем стрела 2М (противавионски ракети). десно|250px|Македонски војник за време на воениот конфликт во Македонија|десно|мини|Македонски војник отвора оган од митралез на тенкот Т-55. Сликата е од нападот врз Арачиново од позицијата во месноста „Економија“ источно од селото

Избивање на кризата во Арачиново

На 9 јуни 2001 година, ОНА го зазела Арачиново, село кое географски се наоѓа на само неколку километри од Скопје. Преку Арачиново, кое станало едно од главните седишта на ОНА, албанските бунтовници се заканувале дека ќе го нападнат и Скопје, пред сè парламентот и владата. Главен командант на Арачиново бил командант Хоџа или Џезаир Шакири. Според мислењето на началникот на ГШ на АРМ, генералот Панде Петровски, Арачиново од воен аспект не претставувало никаква закана бидејќи уште од месец мај селото било полуопкружено со единиците на АРМ и МВР, влезот и излезот од селото биле целосно блокирани, а патните правци кон Скопје и Куманово биле под целосна контрола. Информациите изнесени во медиумите дека во Арачиново имало 4000 терористи, биле оценети како неточни и со пропагандна цел за заплашување, бидејќи тие цели 2 месеци биле провоцирани преку дистанциони дејства на АРМ да се појават, меѓутоа тие не извршиле никакви операции или офанзиви со кои би ја покажале својата борбена готовност. Според проценкитен на ГШ на АРМ, бројноста на терористите во Арачиново била меѓу 1000-1500 припадници. Олеснителна околоност за појавувањето на терористите во Арачиново било тоа што за разлика од другите села во кризните региони чие население ги напуштило селата, населението на Арачиново останало во своите домови, а дел од населението било ангажирано во помошни логистички работи за одбрана. По повеќе состаноци на Координативното тело за справување со кризата, на 18 јуни е донесена одлука да се нападнат и разбијат терористите во Арачиново. thumb|250px|right|Единици на МВР пред влезот на Арачиново Почеток и тек на воените дејстивија

На 21 јуни во 4:30 часот, македонските безбедносни сили ја започнале решителната офанзива за чистење на теренот од албанските екстремисти во селото, најпрвин била употребена артилеријата и за неполн час единиците на македонските безбедносни сили избиле пред Арачиново. Во текот на ноќта во селото биле уфрлени дел од Шестиот одред и специјалната единица на МВР и тоа вдолж каналот од правецот на Сингелиќ, а еден тенковски вод ТТ-370 навлегол од Брњарци при што Арачиново било надвишено од северната страна. Не очекувајќи напад од Брњарци и Сингелиќ, терористите не дале голем отпор, при што македонските сили навлегле во Арачиново сè до гробиштата, а терористите се повлекле и отпочнале со засилување на одбраната кон новата џамија. Нападот од источната страна (од правецот на Криви Дол) одел побавно, бидејќи месноста Бел Камен како добро организирана точка од терористите, на 1 км источно од првите куќи, упорно ја држеле. Меѓутоа со засилувањето на нападот од јужната страна отпорната точка била разбиена, вооружувањето заробено, а дел од терористите се извлекле кон Арачиново, оставајќи се од опремата. Котата 354 била совладана во попладневните часови и за време на борбените дејствија во првиот ден, македонските безбедносни сили влегле во Арачиново од западната и северната страна, додека од јужната и источната страна се запрело пред селото бидејќи единиците имале таква задача, поради проценка дека е ризично со можност за сопствени загуби.

Следниот ден, двата борбени авиони "сухој" 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршиле првите извидувачки дејства над селото. Вториот ден нападот на македонските сили бил многу посилен и пожесток, тенковите ја совладале ТТ 354 и од источната страна влегле во селото Арачиново. Од западната страна единиците веќе избиле до новата џамија, обрачот полека сè повеќе се стеснувал, а терористите останале да го држат само централниот дел на селото. Македонските сили брзо напредувале, нанесувајќи им големи штети на албанските бунтовници. Според генералот Панде Петровски, кој командувал со арачиновската операција, АРМ располагала со околу 18.468 војници со оклопни батаљони и професионални екипажи, 54 тенка, со 120-130 минофрлачи, 40 хаубици, 10 лесни ракетни лансери, 135 оклопни траспортери, хеликоптери „МИ-24“, „МИ-17“ и „МИ-8“ за воени дејства и доволно количество муниција за извршување на една завршна операција и целосно разбивање на ОНА. Битката траела само три дена, откако албанските бунтовници, истакнувајќи бели знамиња, дале знак дека се предаваат. Борбените дејствија траеле непрекинато сè до 25 јуни во 13 часот, кога по наредба на врховниот командант и претседател Борис Трајковски, воените активности биле прекинати поради состанокот со високи лица од НАТО и ОБСЕ, со претходен контакт и договор со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Извлекување на терористите од Арачиново под покровителство на НАТО

Вечерта на 21 јуни 2001, после првиот ден на битката, на состанокот на државниот врв била прифатена идејата да се вклучи НАТО како посредник за да ги извлече терористите, а истовремено уште пожестоко да се продолжи со нападот. Ваквата одлука била прифатена бидејќи разбивањето и уништувањето на терористите било многу извесно и навистина немало потреба од натамошни жртви. На 25 јуни 2001 на состанокот меѓу НГШ на АРМ Панде Петровски и тогашниот претседател Борис Трајковски, претседателот Трајковски го известил генерал Петровски дека генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја прифатил идејата за извлекувањето на терористите од нивна страна, при што му пренел да се прекине со акцијата на македонските сили бидејќи во Арачиново имало 30 луѓе на НАТО, за што ветил дека ќе даде список со нивните имиња.

На 25 јуни 2001 година во хотелот „Белви“ во 14,30 часот бил одржан состанок на македонскиот државен и воен врв со највисоките претставници на НАТО и ОБСЕ, меѓу кои Хавиер Солана и Питер Фејт. По мачна расправија Питер Фејт предложил да им се јави на терористите и да им предложи да бидат извлечени со помош на НАТО во Косово, на што Љубе Бошкоски жестоко се спротивставил. Во суштина НАТО и ОБСЕ имале 3 варијанти за извлекување на терористите од Арачиново: А) со возила на цивилни фирми од Тетово, Б) со автобуси на НАТО/КФОР и В) со сопствени возила. На крајот било договорено терористите да бидат извлечени во селото Никуштак и тоа во организација на НАТО, а македонските сили да ги тргнат тенковите од Арачиново и патот Арачиново - Никуштак. thumb|250px|right|Американски војник посредува во извлекувањето на терористите од Арачиново Под покровителство на НАТО, било договорено да се евакуираат припадниците на ОНА, и од Арачиново да се преместат во Никуштак и ЛипковоА1 Телевизија: Коридор за терористите во Арачиново. Така, на околу 350 бунтовници им било дозволено да го напуштат селото со своето оружје, со помош на американските трупи кои служеле во КФОР и силите на НАТО во Косово, ОБСЕ и Мисијата на Европската Унија. На македонската страна и било наредено да се повлече. thumb|250px|right|Македонски специјалци на МВР со запленети албанско, американско и знаме на ЕУ по влегувањето во Арачиново Само 10-15 минути по завршувањето на состанокот веднаш пристигнале единиците и автобусите на НАТО пред хотелот „Белви“, што го навело генералот Панде Петровски на помислата дека ова акција била договорена многу порано, а состанокот бил всушност само формалност за нејзино потврдување. Договорот бил терористите да се извлечат додека е дневно време, пред да падне ноќта, на што инсистирале македонските владини и воени претставници бидејќи целата акција уште од пред нејзинот почеток се набљудувала со видео техника и визуелно се снимала со камери и современа апаратура поставена од МВР на 4 кат од хотелот.

Иако силите на НАТО веднаш влегле во селото, сепак не го испочитувале договорот да отпочнат со извлекување во насока на Куманово во 16 часот. Сепак дошло до извесни изменувања во договрениот план, па така во 17:30 часот 4 приватни автобуси од Тетово, 4 џипови и 1 камион тргнале од Арачиново и ја истовариле првата група на терористи во Никуштак. Меѓутоа 7 автобуси на НАТО со борбено обезбедување на од 5 хамери, 5 болнички хамери и 2 камиона никако не тргнувале од Арачиново чекајќи да падне ноќта за да не се види кого ќе изнесат и каде ќе го однесат, знаејќи дека инсталираната техника во хотелот „Белви“ не може добро да снима ноќно време.

Поради ваквата постапка на силите на НАТО, македонските безбедносни сили ги блокирале сите приоди и излези од Арачиново кон Сингелиќ, Никуштак и хотелот „Белви“ при што НАТО со своето обезбедување и возила останале блокирани внатре во Арачиново, со цел да бидат пуштени да излезат утрото кога ќе се раздени. Во меѓувреме состојбата во главниот град Скопје драстично се влошила со тоа што неколку илјади граѓани излегле пред Собранието и започнале со масовни протести и нереди, при што претседателот Борис Трајковски кој добил закани за убиство бил засолнет во касарната „Илинден“. Во ваквата сложена ситуација, силите на НАТО со 7 автобуси, санитетски возила во кои имало тешко ранети терористи останале блокирани во Арачиново. Бидејќи сите приоди биле блокирани излегувањето на НАТО силите било невозможно, а од друга страна НАТО силите не дозволувале нивните возила да бидат проверени од полицијата и по цена на отворање оган, што значело директен вооружен судир меѓу силите на НАТО и македонските безбедносни сили. Поради ваквата тешка ситуација воениот аташе на САД во Македонија, полковникот Роберт Линч побарал контакт со македонскиот генерал и началник на ГШ Панде Петровски со цел да се извлечат силите на НАТО од Арачиново.

По давањето на одобрение од страна на генерал Панде Петровски на генералот Мирослав Стојановски за стапување во контакт со американскиот полковник Роберт Линч, во текот на ноќта 25 јуни/26 јуни 2001 со помош на 6. одред на специјалната единица „Волци“, од Арачиново кон хотелот „Белви“ по селски земјени патишта биле извлечени силите на НАТО од Арачиново. Утрото на 26 јуни 2001 американскиот амбасадор и полковникот Р. Линч, воениот аташе, изразлие голема благодарност за помошта од страна на АРМ за извлекувањето од Арачиново.