Малоелап (маршалски: M̧aļo-eļapMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол составен од 71 мало островче во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и воедно атолот сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна копнена површина од 9.8 км2, а има лагуна од 972 км2. Атолот се наоѓа северно од Аур. Според податоците од 1999 година, атолот имал население од 856 жители. Најголеми островчиња на толот се Тароа, административен центар на атолот, и Кабен. Покрај овие две, уште и Ајрук, Волот и Џанг се населени.
Историја Како и останатите Маршалски Острови, така и за овој атол Германија тврдела дека е под нејзина управа. По Првата светска војна атолот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Атолот станал дел од независни Маршалски Острови во 1986.
Наводи
Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ратачки Острови
Надворешни врски Маршалски Острови Малоелап на Oceandots Pacific Wrecks
Категорија:Ратачки Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови