Вајсвасер (, ) — град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија.
Вајсвасер е третиот најголем град во округот Герлиц, веднаш зад Герлиц и Цитау. Градската знаменитост е неговата водокула.
Историја
Вајсвасер бил спомнат првпат на 8 јуни 1552; името на градот значи „бела вода“. Станал дел од пруска Шлеска во 1815. Во и век, Вајсвасер бил европскиот центар за производство на стакло. Станал дел од пруската покраината Долна Шлеска во 1919.
Вајсвасер ги добил своите градски права на 28 август 1935. Во Втората светска војна, 40% од градот бил уништен. Со распаѓањето на Прусија, како последица на војната, градот станал дел од Саксонија од 1945-52. Потоа бил дел од комунистичка Источна Германија од 1952-90 и администриран во рамките на Округот Котбус. Многу претпријатија биле затворени во текот на комунистичкиот режим. По падот на Берлинскиот ѕид, останале само неколку. По обновувањето на Саксонија по повторното обединување на Германија, градот се вратил под администрација на покраината.
Вајсвасер сега се соочува со последиците од повторното обединување на Германија, особено силно била погодена локалната економија. Многу луѓе ги загубиле нивните работни места и во градот сè уште има висока стапка на невработеност. Постепено, многу луѓе се решаваат да ја напуштат областа во потрага по работа во другите делови на Германија.
Во септември 2005, Вајсвасер бил домаќин на „Денот на Саксонците. Настанот бил многу успешен, со над 300.000 посетители, со што градот се презентирал како идна туристичка атракција.
Грб
Грбот бил донесен на 31 јануари 1927. Двете зелени стаклени чаши ја симболизираат индустријата за стакло на градот, која била една од најголемите во поранешна Источна Германија. Алатите се однесуваат на рударството, кое сега е напуштено во градот. Сината и жолтата се традиционални бои на Горна Лужица и белите бранови во долниот дел на грбот го симболизираат името на градот.
Население
Движење на бројките за население низ години:
1825 - 390 1933 - 13.494 1939 - 14.388 1946 - 12.940 1950 - 13.844 1960 - 14.028 1981 - 32.799 1984 - 34.994 1988 - 38.288 1995 - 31.745 1997 - 30.300 1998 - 28.605 1999 - 27.315 2000 - 26.107 2001 - 24.815 2002 - 23.862 2003 - 22.966 2004 - 22.758 2005 - 21.912 2006 - 20.823 2007 - 20.298 2008 - 19.927 2009 - 19.615 2010 - 19.416 Извор од 1998: Статистичко биро на Саксонија
Знаменитости
Водокула Стадион за хокеј на мраз „Фухсбау“ Музеј за производителите на стакло Зоолошка градина Пиклер - парк во Бад Мускау Рододендрон - парк во Кромлау Шумска железница Мускау Браунштајх - езеро
Спорт
Локалниот клуб за хокеј на мраз Eissport Weißwasser, познат и како „Лисиците“, бил најуспешниот клуб во Првата лига за хокеј на мраз во поранешната Источна Германија.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Герлиц (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица Категорија:Шлеска (покраина) Категорија:Долна Шлеска (покраина) Категорија:Германска Шлеска