Бернхард Ајзел (; р. во Фојтсберг) — поранешен австриски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2001 и 2019 година за екипите , , , и .

По неговото пензионирање работел како аналитичар и водител за Евроспорт и за Глобал Сајклинг Нетворк (GCN), пред да стане спортски директор на .

Кариера

Тој ја освоил неговата прва трка, кога имал 11 години. Оттогаш тој освоил многу трки. Кога имал 17 години се преселил во Италија да се трка за екипата Ринаскита Ормеле, со седиште во Тревизо. Потоа, се преместил во Љи Амичи Пјаве, екипата на Морено-Аргентин. Во 2001 ѝ се приклучил на екипата и станал професионален велосипедист, од 2003 се придружил на .

Во 2007, Ајзел се приклучил на . Ајзел имал успеси во првата сезона со неговата главна победа на втората етапа на Волта ао Алгарве. Ајзел се доживува себеси како помогач на спринтерот и колегата Марк Кевендиш, заштитувајќи го низ рамните и планинските етапи и го создава делот на водечкиот воз на ХТЦ, кој му донел многу победи на Кевендиш на Тур де Франс и на други трки. Ајзел исто така гледа можности да вози за себе, главно на класиците. Тој го освоил Париз-Бурж во 2008 и Гент-Вевелгем во 2010, а во 2011, Ајзел го забележал неговиот најдобар пласман на монументот Париз-Рубе завршувајќи седми. Ајзел бил назначен како член на новата Спортска комисија на UCI во 2011 година.

По најавата, дека би се распуштил на крајот на 2011, Ајзел му се придружил на Марк Кевендиш во преселбата во . Откако Кевендиш објавил дека сака да го раскине тригодишниот договор со екипата пред истекот и да се префрли во , Ајзел објавил дека ќе остане со до крајот на сезоната 2015.

На 28 септември 2015 година, објавил дека Ајзел ќе биде помеѓу возачи кои ќе ја напуштат екипата на крајот на годината, по четири поминати сезони со екипата. Следниот ден било објавено дека ќе му се приклучи на Кевендиш (и Марк Реншо, нивен поранешен колега во ХТЦ) при потпишувањето за — која ќе биде преименувана во .

На 14 јануари 2020 година го објавил своето пензионирање од професионалните трки. Кратко потоа започнал да биде водител, известувач и коментатор за Евроспорт и Глобал Сајклинг Нетворк (GCN). Во ноември 2021 година, објавил дека Ајзел ќе им се приклучи како спортски директор од сезоната 2022.

Достигнувања

1999 5. Светско јуниорско друмско првенство 2002 1. Радкласик-Глајсдорф 2. Краен пласман Париз-Корез 4. Краен пласман ГП Ерик Бројкинк 2003 1. Етапа 4 Тур ду Лимузин 3. Краен пласман ГП Ерик Бројкинк 1. Етапа 2 7. Краен пласман Сиркут Франко Белж 2004 1. Етапа 3 Критериум де Еспоар 1. Бад Ишл 5. Схелдепрејс 7. Краен пласман Тур де Пикарди 2005 Волта ао Алгарве 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 1 Тур де Свис 2. Краен пласман Гранде Премио Интернасионал Коста Азул 1. Бодовен пласман 1. Етапа 4 2006 1. Етапа 4 Трка околу Катар 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве 1. Грацер Алтштат Критериум 1. Мајрхофен Европа-Критериум 2. Краен пласман Три дена Де Пане 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2a 2. Краен пласман Гранде Премио Интернасионал Коста Азул 5. Париз-Рубе 7. Гент-Вевелгем 2007 1. Класик Ланкастер 1. Класик Рединг 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве 1. Критериум Линц 3. Меѓународно првенство Филаделфија 4. Краен пласман Трка околу Катар 8. Трофео Палма 2008 1. Париз-Бурж 1. Етапа 5 Волта ао Алгарве 3. Класик Рединг 4. Меѓународно првенство Филаделфија 6. Е3 Прејс Вландерен 9. Класик Ланкастер 2009 1. Етапа 2 Тур де Свис 1. Велзер Шпаркасен Иненштат-Критериум 2. Курне-Брисел-Курне 3. Национално друмско првенство 9. Схелдепрејс 2010 1. Гент-Вевелгем 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 7. Париз-Бурж 8. Омлоп Хет Ниусблад 9. Париз-Тур 2011 7. Париз-Рубе 7. Гент-Вевелгем 8. Краен пласман Трка околу Катар 2012 3. Е3 Харелбеке 2013 5. Краен пласман Трка околу Катар 7. Гент-Вевелгем 10. Милано-Санремо 2014 1. Бишофхофен Критериум 2017 1. 20п Планински пласман Арктичка трка на Норвешка

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро63 — — — — — — — —152 —138143 — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур —131143107121144150155160146 —126 —171153 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта —СОСО — — — —СО — — — — — — —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австриски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Австрија Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Луѓе од Фојтсберг