Фробург () — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 11 километри североисточно од Алтенбург и 34 километри југоисточно од Лајпциг. Го вклучува и селото Флесберг и градот Корен-Залис.
Историја
Во текот на Втората светска војна, имало подкамп на концентрациониот камп Бухенвалд, надвор од селото Флесберг. Кампот бил фабрика за воениот производител, Hugo Schneider AG (HASAG).Thomas Lang, "Jüdische Gemeinden gegen Umbettung von Toten des KZ-Außenlagers Flößberg" Leipziger Volkszeitung online. (19 јули 2010)
Географија и сообраќај Географија
Фробург се наоѓа на половина пат помеѓу Лајпциг и Кемниц, околу 35 километри од Лајпциг и 10 километри јужно од Борна. Потокот Вира тече низ Фробург.
Сообраќај
Сојузниот автопат Б95 поминува низ Фробург. Јужно од Фробург поминува и сојузниот автопат Б7. Железничката линија Лајпциг-Нојкирич-Хемниц (опслужувана од Конекс) исто така поминува низ градот. Фробург има директна врска со автопатот А72 (во изградба).
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Лајпциг (округ)