Патката крецкаНекритички список на птиците во Македонија, Методија Велевски, последни исправки: 22.12.2009 (Anas querquedula) е релативно мал претставник од фамилијата патки (Anatidae), од редот гусковидни.

Физички опис

Тежи меѓу 350 и 500 g; Распон на крилја околу 63 cm; Изразен полов диморфизам; Брзо лета, лесно слетува на водата и речиси бесшумно полетува остро и вертикално; Мажјакот се огласува со карактеристичен звук, како од дрвена нишалка: „крр, крр“;

Распространетост и живеалиште

Релативно широко распространета во Европа, западна и југоисточна Азија, достигнувајќи до Маријанските Острови. Случаен посетител во Северна Америка. Се среќава и во Македонија. Пребива во густо обраснати со водна вегетација водни басени и ги избегнува планинските области.

Начин на живот и исхрана

Се храни првенствено со животинска храна, при што главен дел во менито и заземаат различните видови на мекотели.

Размножување

Гнездото го гради на суво место, скриено од грмушки или висока трева. Снесува од 7 до 12 валкано бели до жолтеникаво-кафеави јајца. Инкубацијата трае 23 денови и се остварува само од женката. Младите се испилуваат доволно развиени за самостојно да се движат и исхрануваат.

Наводи

Категорија:Гусковидни Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј