Ли Куан Ју (кантонски: , Ли Гунгјао; 16 септември 1923 - 23 март 2015) познат како Хари Ли Куан Ју) — сингапурски државник, поранешен премиер на Сингапур . Бил првиот на оваа функција, а со него владеел три децении. Во моментот кога решил да се повлече од власт, имал најдолг стаж во светот како премиер.

Ју е единствениот државник во светот што успеал да доведе земја од третиот во првиот свет за време на својата кариера. Се смета за основоположник на државниот капитализам, кој денес го следат и други земји како Кина и Русија.

Ју еден од основачите и прв генерален секретар на Народната акциона партија, која ја предводел низ осум изборни победи (1959-1990), ги надгледувал отцепувањето на Сингапур од Малезија во 1965 и преобразба на Сингапур, од релативно неразвиени колонија, во еден од азискиските економски тигри. Тој е еден од највлијателните политички фигури во Југоисточна Азија . Во 1990 година, од страна на вториот сингапусрки премиер Го Чок Тонг, бил поставен за виш министер (senior minister). Во 2004 година, неговиот син Ли Сјен Лунг станал третиот премиер на Сингапур, а својот татко го поставил за свој советник како министер-советник Неговото владеење, преку неколку последователни министерски места во текот на 50 години, е едно од најдогогодишните во историјата. На 14 мај 2011 година, Ли Куан Ју и Го Чок Тонг го најавиле своето повлекување од кабинетот по општите избори од 2011 година .

Ли Куан Ју во 1990 година потикнал дебата на која било истаканто дека азиските вредности: трудољубивост, штедливост, признавање на авторитети и предност во општеството на поединецот се основа за азиското економнско чудо. Азиските вредности и либералните западни демократии не се споиви. За ваквите ставови особени пофалби стигнале од Малезија и Народна Република Кина, два авторитарни система Демократијата на Тајван-пример за континентална Кина?. Владата на Ли Куан Ју е една од првите носители на идејата за државен капитализам во Југоисточна Азија, таа ги прифатила западните идеи и им ја отворила вратата на странските компании, но исто така поседува удел во многу од нив. Клучната претпоставка била дека доколку економијата се развива, владата или ќе ги затвори или ќе ги приватизира Зајакнување на државниот капитализам

Потекло мини|десно|300п|Главната улица во Сингапур во првите децении на XX век

Во своите мемоари, Ли Куан Ју ги истакнува своите имигрански корени: неговиот Хака прадедо, Ли Бок Бон (роден 1846), емигриралл од Дапу (покраината Гуангдунг) на британската група територии во Југоисточна Азија во 1862 година. Ли Куан Ју бил најстарото дете на Ли Чин Кон и Чуа Џим Не, тој е роден во голем и воздушен бунгалов на патот 92 Kampong Java во Сингапур. Кога Ли Куан Ју се родил, неговиот татко имал 20 години, а неговата мајка само 16 години

Како дете растел во Перанаканско семејство (кинески имигранти) во британски Сингапур, кој бил под силно влијание на британската култура. Неговиот дедо, Ли Хун Ленг на своите синови им дал англиско образование. Неговиот дедо му го дал англиското име Хари, а неговиот татко - Куан Ју. До својата 30 година бил познат како Хари Ли, меѓутоа тоа име и денес се користи од неговите блиски пријатели и семејството . По влегувањето во политиката, почнал да се именува како Ли Куан Ју.

Ли Куан Ју го говори англискиот јазик како мајчин, а во 1955 година, на 32 годишна возраст почнал да го изучува кинескиот јазик, кој претходно воопшто не го познавал . Ли Куан Ју го научил и јапонскиот јазик и работел како јапонски преведувач за време на јапонската окупација на Сингапур во текот на Втората светска војна . Ли Куан Ју за своето детство истакнува:

Образование мини|десно|300п|Ли Куан Ју со своето семејство пред да замине на школување во Англија Ли Куан Ју основно образование завршил во Телок Курау, а образованието го продолжил на Raffles College, денес Националниот универзитет на Сингапур.

Меѓутоа, Втората светска војна и јапонската окупација на Сингапур (1942-1945) го одложиле неговото универзитетско образование. За време на окупацијата успешно работел на црниот пазар и продавал лепило наречено Стикфас . Во 1942 година почнал да го изучува јапонскиот јазик и успеал да најде работа преведувајќи ги сојузничките извештаи за Јапонците, а бил и едитор по англиски јазик за јапонскиот Ходобу (报道 部 одел за информации и пропагнада) 1943-1944 .

По војната, кратко учел во Лондонската школа за економија, а потоа се префрлил на Кембричкиот универзитет, каде што студирал право на Fitzwilliam College, каде што дипломирал со Прва класа на достигнувања. Во 1949 година се вратил во Сингапур и започнал адвокатска пракса во фирмата Laycock and Ong кај Џон Лејкук, пионер на мултирасизмот, кој, заедно со А. П. Раџа и К. К. Тан, го основал првиот сингапурски клуб отворен за сите Азијци без разлика на нивната раса.

Први политички години мини|лево|150п|Логото на Народната акциона партијамини|десно|300п|Внатрешноста на Victoria Concert Hall Првото искуство на Ли Куан Ју во политиката во Сингапур било во 1951 година за време на изборите за законодавниот совет како изборен агент на Џон Лајкук за пробританската Прогресивна партија. Меѓутоа, Ли Куан Ју сфатил дека се мали шансите на Прогресивна партија да добие масовна поддршка, особено од работничката класа која главно била составена од Кинези. Ова особено било важно бидејќи со Уставот од 1953 година во гласачкиот список било вклучено сето население кое било родено во Сингапур, со што се зголемил бројот на кинеските гласови. Ли Куан Ју направил голем пробив кога бил поставен за правен советник на трговските и студенските синдикати преку кои оставрил контакт со работниците од кинеско потекло.

На 12 ноември 1954 година, Ли Куан Ју заедно со група на интелектуалци, кои потекнувале од средната класа и се стекнале со англиско образование, формално ја формирале социјалистичката Народната акциона партија во сојуз со про-комунистичките синдикалци.

Ли Куан Ју овој сојуз го објаснил со прагматичност, односно интелектуалната група имала потреба масовна поддршка од прокумунистичката средина, додека пак кумунистите имале потреба од некомунистичко партиско водство, како параван, бидејќи Малајската комунистичката партија била нелегална. мини|лево|150п|Дејвид Саул Маршалмини|десно|300п|Собир на Народната акциона партија на 17 август 1955 година. Заедничка цел која ги обединила била борбата за самоуправа и крај на британското колонијално владеење. На 21 ноември 1954 година, се одржала основачката конференција на партијата во Victoria Memorial Hall каде што присуствувале околу 1 500 поддржувачи и синдикалци. Ли Куан Ју бил избран за генерален секретар, позиција на која остана до 1992 година.

Во 1955 година, Ли Куан Ју бил избран за член на Парламентот. Тој станал водач на опозицијата против владата на Работничкиот фронт предводена од Дејвид Саул Маршал. Ли Куан Ју бил еден од претставниците Народната акциона партија во двете делегации кои во Лондон преговарале за идниот статус на Сингапур. Првата делегација била предводена од Дејвид Саул Маршал, а втората од Ли Је Хо, следбеник на Маршал. Во овој период, Ли Куан Ју се соочил со противниците во и надвор од Народната акциона партија.

Позицијата на Ли Куан Ју во Народната акциона партија била сериозно загрозена во 1957 година, кога прокомунистите го презеле раководството во партијата Mauzy, Diane K.; Milne, R.S. (2002). Singapore Politics Under the People's Action Party. London & New York: Routledge. ISBN 0-415-24653-9. Меѓутоа, Ли Куан Ју и неговата фракција повторно ја презеле челната позиција во партијата, по масовните апсења на прокомунистите по наредба на Ли Је Хо, а Ли Куан Ју бил поставен за генерален секретар на Народната акциона партија.

Период пред независноста

Самоуправа мини|лево|200п|Портрет на Ли Куан Јумини|десно|300п|Парламентот на Сингапур На 1 јуни 1959 година, се одржале национални избори на кои Народната акциона партија освоила 43 претставнички места, од вкупно 51 во законодавното собрание. Сингапур добил самоуправа и автономија во сите области со исклучок на одбраната и надворешните работи. На 5 јуни 1959 година, Ли Куан Ју станал првиот премиер на Сингапур . Пред да ја преземе функцијата, Ли Куан Ју успеал да обезбеди ослободување на Ли Чин Сионг и Деван Наир, кои претходно биле ослободени од страна на владата на Ли Је Хо. Куан Ју како прв премиер, по стекнувањето на самоуправата за Сингапур од Британците, се соочил со голем број на проблеми: образовани, домување и невработеност.

Клучен политички настан било гласањето за доверба на владата на 21 јули 1961 година, кога 13 членови на Народната акциона партија се воздржале од гласање. Отцепените членови заедно со левоориентираните водачи од синдикатите, формирале нова партија Борисан Сосиалис. По формирањето на новата партија, 35 од вкупно 51 ограноци и 19 организациски секретари на Народната акциона партија преминале во новата партија. Овој политички настан е познат како „Големата поделба од 1961 година“. По дележот, Народната акциона партија во законодавното собрание имале околу 25-26 претставници. Во 1961 година, Ли Куан Ју и Народната акциона партија се соочиле со два политички пораза. Владата на Ли Куан Ју пред самиот референдум од 1962 година се наоѓала пред колапс, а самиот референдумот бил проверка на владината популарност кај народот.

Обединување и отцепување од Малезија мини|лево|150п|Тунко Абдул Рахманмини|десно|300п|Ли Куан Ју во 1965 По предлогот, од 1961 година, на малезискиот премиер Тунко Абдул Рахман, за формирање на федерација во која требало да влезат Малаја, Сингапур, Сабах и Саравак, Ли Куан Ју започнал кампања за обединување со Малезија и ствање на крај на британското колонијално владеење. На 1 септември 1962 година се одржал референдум на кој со 70%, од вкупните гласовите, бил прифатиле предлогот на Ли Куан Ју . На 16 септември 1963 година, Сингапур станал дел од Малезија, меѓутоа унијата на Сингапур со оваа држава била краткотрајна.

Малезиската централната влада, управувана од Обединетата малезиска национална организација, станала загрижена од вклучувањето на сингапурското кинеско мнозинско население и политичката конкурентност на Народната акциона партија во Малезија. Ли Куан Ју јавно се спротивставил на дискириминирачката (bhumiputra) политика и се повикал на лозунгот: Малезија на Малезијците, односно Малезија на сите националности, а не само на малајската раса .

Во 1964 година во Сингапур уследиле повеќе расни немири. На 21 јули 1964 година, на роденденот на пророкот Мухамед, во близината на Каланг Гасворк загинале 23 души, а стотина биле повредени во судирите помеѓу Кинезите и Малезијците. Сè уште не е доволно утврден поводот за започнување на немирите, според една теорија, Кинезите извршиле напад врз Муслиманите за време на еден нивни митинг, меѓутоа според други тврдења, немирите биле потикнати од Малезијците . Најголемиот дел од немирите избувнале во септември 1964 година, во текот на кој дошло до масовно ограбување на продавниците и автомобилите, а таквата состојба ги принудила Тунко Абдул Рахман и Ли Куан Ју јавно да побараат смирување на ситуацијата.

Откако тензиите не спласнале, малезискиот премиер Тунко Абдул Рахман решил да го исклучи Сингапур од Малезија под изговор дека ги прекинува врските со сингапусрката влада бидејќи таа не била лојална кон централната власт. Ли Куан Ју се обидел да ги отстрани разликите и да постигне компромис, меѓуто не успеал во тоа. Подоцна, Куан Ју бил убеден од Го Кен Се дека отцепувањето е неизбежно.