Цвенкау () — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Сместен помеѓу реките Вајсе Елстер и Плајсе во близина на градот Лајпциг.
Географија
Градот се наоѓа 15 километри јужно од Лајпциг и 3 километри североисточно од индустриската област Белен/Липендорф со нејзината знаменитост, електричната централа Липендорф. Поранешниот отворен коп бил затворен на 30 септември 1999 година и моментално се рехабилитира и се создава Цвенкајското Езеро. Неколку помали градови и села припаѓаат на Цвенкау:
предградијата Кечбар, Имниц и Лебшиц руралните градови Гросдалциг, Маузиц, Клајндалциг, Телшиц и Цичен (од 1 октомври 1993) градот Рисен-Клајншторквиц и селото Делен (од 1 октомври 1996)
Руралните области на историскиот град Ајтра и делови на Бесдорф, обата напуштени поради резервите на јаглен под нив во 1980-тите, исто така се администрирани од градот Цвенкау.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Страница за напуштениот град Ајтра Слики од градот
Категорија:Лајпциг (округ)