Артур Вишо (; р. во Коломбје-Фонтен) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Тој е внук на Фредерик Вишо, кој освоил етапи на Тур де Франс во 1984 и 1985.
Професионална кариера
Постои традиција на Тур Даун Андер обожавателите да изберат еден непознат возач и да му обрнуваат внимание како на светска ѕвезда, со пратење по хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде странец од земјите надвор од англиското говорно подрачје, кој најверојатно нема да добие старт на некоја голема трка и едноставно ова за него ќе претставува вистински почеток на кариерата. Во 2010, на неговата прва професионална трка, бил избран Артур Вишо.
десно|мини|Вишо во текот на хронометарот на Тур де Романди 2010.
Ја започнал сезоната 2011 со освојување на петтото место на Гран при д’Увертур ла Марселеза. Следниот месец заминал на победа во Букл ду Суд Ардеш и бил избран да вози на Париз-Ница. Го следела лоша среќа на трката и доживеал силен пад, спречувајќи го од настап на арденските класици. Бил избран да вози за екипата на Тур де Франс 2011. Ја завршил трката како 104. откако ја одиграл улогата како помошник. Во септември постигнал соло победа близу неговиот дом на Тур ду Дуа. Исто така завршил во првите десет на Гранд при Монтреал, завршувајќи како осми.
Во 2012, Вишо ја остварил најголемата победа во неговата кариера на петтата етапа на Критериум ду Дофине, планинска етапа која ги водела возачите низ Кол де ла Коломбјер. Бил дел од бегството кое се создало на почетокот на трката и опстојало до крајот. На 6 километри пред крајот, Вишо се оддалечил од останатите во водечката група, заработувајќи ја својата прва победа.
Во 2013 и во 2016, Вишо го освоил националното друмско првенство, а со тоа го добил правото да ја носи трибојната маичка на Тур де Франс.
Достигнувања
2010 1. Етапа 2 Париз-Корез 2011 1. Ле Букл ди Сид Ардеш 1. Тур ду Ду 8. Гран при Монтреал 2012 1. Етапа 5 Критериум ду Дофине 2. Ле Букл ди Сид Ардеш 3. Гран при д’Увертир ла Марселеза 2013 1. 20п Национално друмско првенство 1. 20п Краен пласман Тур ду Хаут Вар 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 2. Гран при Квебек 4. Гран при де Плимелек-Морбијан 9. Краен пласман Етоал де Бесеже 10. Средоземна трка 2014 3. Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 8 3. ГП Западна Франција 5. Краен пласман Етоал де Бесеже 5. Гран при д’Увертир ла Марселеза 2015 7. Гран при де Валони 8. Вуелта а Мурсија 8. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт 2016 1. 20п Национално друмско првенство 1. 20п Краен пласман Тур ди От Вар 1. Етапа 2 3. Класик Ла Дром 5. Краен пласман Етоал де Бесеже 7. Гран при д’Увертир ла Марсејез 7. Трофео Лаигвелја 20п Награда за борбеност на етапа 11 на Тур де Франс 2017 1. 20п Краен пласман Тур ди От Вар 1. 20п Бодовен пласман 1. Гран при д’Увертир ла Марсејез 2. Класик Ла Дром 4. Гран при де Плимелек-Морбијан 6. Класик Сид-Ардеш 7. Трофео Лаигвелја 2018 1. 20п Краен пласман Тур де л’Ен 1. Етапа 3 2. Букл де л’Олн 4. Гран при де Плимелек-Морбијан 5. Класик Ла Дром 7. ГП Квебек 10. Краен пласман Тур де Свис
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро — — — — — — — — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур —103 9466СО —78СО41 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта СО — — — — — — — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
ФДЖ: Артур Вишо
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски велосипедисти