300px|мини|ФК Тотенхем Хотспар своите домашни натпревари ги игра на стадионот Тотенхем Хотспар
Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.
Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите. Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.
Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.
Играчи Моментален состав
Менаџери Менаџери и вршители на должноста (ВД) – Вршител на должноста (ТПТ) – Тренери на првиот тим
1898 Франк Бретел 1899 Џон Камерон 1907 Фред Киркхем 1912 Питер МекВилијам 1927 Били Минтер 1930 Перси Смит 1935 Воли Хардинџ (ВД) 1935 Џек Тресејдерн 1938 Питер МекВилијам 1942 Артур Тарнер 1946 Џо Хјулм 1949 Артур Роув 1955 Џими Андерсон 1958 Бил Николсон 1974 Тери Нил 1976 Кит Баркиншо 1984 Питер Шривис 1986 Дејвид Плат 1987 Тревор Хартли и Даг Ливермор (ВД) 1987 Тери Венејблс 1991 Питер Шривис 1992 Даг Ливермор и Реј Клеменс (ТПТ) 1993 Освалдо Ардилес 1994 Стив Периман (ВД) 1994 Гери Френсис 1997 Крис Хјутон (ВД) 1997 Кристијан Грос 1998 Дејвид Плат (ВД) 1998 Џорџ Греам 2001 Дејвид Плат (ВД) 2001 Глен Ходл 2003 Дејвид Плат (ВД) 2004 Жак Сантини 2004 Мартин Јол 2007 Клајв Ален (ВД) 2007 Хуанде Рамос 2008 Хари Реднап 2012 Андре Виљаш Боаш 2013 Тим Шервуд 2014 Маурисио Почетино 2019 Жозе Мурињо 2021 Рајан Мејсон (ВД) 2021 Нуно Еспирито Санто 2021 Антонио Конте 2023 Кристијан Стелини (ВД) 2023 Рајан Мејсон (ВД) 2023 Анге Постекоглу 2025 Томас Франк 2026 Игор Тудор (ВД) 2026 Роберто Де Ѕерби
Раководство на Тимот
УлогаИмеТренер Антонио КонтеПомошен Тренер Хесус ПересТренер на Првиот Тим Мигел Д'АгостиноФитнес Тренер на Првиот Тим Нејтан ГардинерТренер на Голмани Тони ХименесТренер на Напаѓачи Лес ФердинандГлавен Физиотерапефт Џов СкотГлавен Скаут Даниел Суса
Титули Домашни Шампиони на Англија: 1950–51, 1960–61 ФА Куп: 1901, 1921, 1961, 1962, 1967, 1981, 1982, 1991 Лига куп: 1971, 1973, 1999, 2008 ФА Комјунити Шилд: 1921, 1951, 1961, 1962 и три поделени (1967, 1981, 1991)
Европски Куп на УЕФА: 1972, 1984 Куп на Победниците на Куповите: 1963
Наводи
Надворешни врски
TottenhamHotspur.com Official club website
Tottenham Hotspur на Премиер лига official website Tottenham Hotspur News – Sky Sports Tottenham Hotspur Ladies Official ladies club website Supporters' Trust Spurs Canada Tottenham Hotspur Brasil Tottenham Hotspur Switzerland Spurs history 1882–1921 Timesonline archive
Т
Категорија:Фудбалски клубови од Лондон Категорија:Освојувачи на Лига Куп Категорија:Освојувачи на ФА Куп Категорија:Учесници во лига Европа во сезона 2011-2012