Еаурипик е корален атол и општина составена од три острови. Атолот се наоѓа во западните Каролински Острови и е дел од сојузната држава Јап во Микронезија. Атолот има вкупна површина од 23.6 хектари, а лагуната има 5.921 км2. Сите острови се покриени со кокосови палми. На атолот имало пет острови, но два биле потопени по појавата на тајфуни во 1970-те. Атолот се наоѓа на околу 108 км југозападно од Волеај.

Еаурипик има население од 113 жители според податоците од 2000 година. Голем дел од жителите се со привремен престој на Јап.

Наводи Columbia Gazeteer of the World. Vol. 1, p. 900

Поврзано Јап Микронезија

Надворешни врски Атолот на Oceandots.com

Категорија:Острови во Јап Категорија:Општини во Јап