Пулата е официјалната валута во Боцвана. Кодот ISO 4217 за валутата е BWP и е поделена на 100 тебе. Пула во превод значи „дожд“ на цвана. Дождот во државата е редок поради пустината Калахари и затоа е ценет. Пула исто така е национално гесло на државата, а „тебе“ значи „штит“. Зборот „пула“ исто така значи благослов.
Историја Пулата била воведена во 1976 година и го заменила јужноафриканскиот ранд. Иако во мај 2005 година се забележала девалвација од 12%, пулата сепак е една од најјаките валути во Африка.
Зимбабве Поради големата хиперинфлација во Зимбабве во 2006 и 2008 година, владата на Зимбабве одлучила да го повлече зимбабвеанскиот долар од оптек. Со тоа се овозможило пулата и рандот да циркулираат во државата, а покрај нив дозволени се и американскиот долар, фунтата и еврото.
Наводи
Schön, Günter und Gerhard, Weltmünzkatalog 1900–2010, 39. Auflage, 2011, Battenberg Gietl Verlag, ISBN 978-3-86646-057-7
Поврзано Боцвана Зимбабве
Категорија:Економија на Боцвана Пула Боцванска пула