Енрико Гаспарото (; р. во Сачиле) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Станал професионалец во 2005 година со екипата и останал таму три години.

На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја предводел екипата Ликвигас на првата етапа кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.

Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот, и Гаспарото ги поминал возачот на Јеле Ванендерт и Петер Саган од . Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од , Максим Иглински. На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зејц и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.

Во ноември 2014 година, објавиле дека Гаспарото ќе им се приклучи за сезоната 2015.

Гаспарото ја освоил трката Амстел Голд Рејс по вторпат во 2016 година, поразувајќи го Михаел Валгрен во меѓусебниот спринт откако двоецот се одвоил од главната група во завршните километри на трката. Тоа било прва победа за Гаспарото по победата во 2012 година и ја посветил на Антоан Демоатје, негов колега кој починал по падот и судирот на Гент-Вевелгем претходниот месец.

Достигнувања

2005 1. 20п Национален друмски првак 1. Етапа 2 Волта а Каталуња 2006 1. Меморијал Кимури 3. Копа Сабатини 2007 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија Ја носел розовата маичка 20п на етапите 1 & 3 2. Краен пласман Трка околу Данска 2008 1. 20п Краен пласман Стер Електротур 1. Етапа 3 1. Џиро дела Ромања 3. Краен пласман Три дена Де Пане 1. Етапа 1 3. ГП ди Лугано 2009 1. 20п Бодовен пласман Тур де Свис 2010 1. Етапа 5 Тирено-Адријатико 3. Астел Голд Рејс 9. Страде Бјанке 2011 4. Тре Вали Варезине 2012 1. Амстел Голд Рејс 3. Лиеж-Бастон-Лиеж 7. Трофео Лагвелја 2013 5. Џиро ди Ломбардија 6. Лиеж-Бастон-Лиеж 7. Гран при Монтреал 9. Астел Голд Рејс 2014 8. Астел Голд Рејс 8. Гран при Квебек 9. Гран при Монтреал 2015 8. Амстел Голд Рејс 9. Копа Уго Агостони 2016 1. Амстел Голд Рејс 2. Брабантсе Пејл 5. Флеш Валон 6. Краен пласман Трка околу Белгија 2018 3. Амстел Голд Рејс 3. Гран Премио ди Лугано 3. Копа Уго Агостони 6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019 7. Брабантсе Пејл 9. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 10. Флеш Валон

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро979260СО—66—97——76—69 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——————95—————— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——826878————————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Сачиле Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Швајцарски велосипедисти