Кастин бил епископ на Византион во периодот од 230 до 237 година. Негов претходник бил Киријак I, а негов наследник е Евгениј I. Во некои извори се среќава како Константин.
Тој имал функција во Рим и не бил христијанин. Христијанството го прифатил благодарение на епископот Аргиропол. По прифаќањето на христијанството, сето свое богатство го предал на сиромашното население и целосно се посветил на црквата. Тој ја изградил можеби првата црква во Византија во чест на Света Ефимија во областа на денешна Галата.
Наводи
Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Византијци од 3 век Категорија:Епископи од 3 век Категорија:Византиски епископи Категорија:Христијански светци Категорија:Христијански светци од 3 век