Сер Бредли Марк Вигинс СВЕ (; р. во ) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Вигинс ја започнал кариерата со велодромскиот велосипедизам, но потоа се префрлил на друмскиот велосипедизам, станувајќи еден од неколкуте велосипедисти, кои постигнале успеси во обете дисциплини. Победил на Тур де Франс 2012, станувајќи првиот британски победник од нејзиниот почеток во 1903 година.

Кариерата на Вигинс започнала со велодромски велосипедизам, каде се специјализирал во дисциплините за поединечна потера и медисон и постепено се префрлал на друмскиот велосипедизам. Тој освоил шест титули на велосипедските светски првенства, најпрвин во 2003, а последниот пат во 2008; три во поединечна потера, два во екипна потера и еден во медисон. Вигинс освоил бронзен медал на Летните олимписки игри 2000, дополнителни три на Летните олимписки игри 2004, две златни медали на Летните олимписки игри 2008 и едно злато на Летните олимписки игри 2012. Вигинс се вратил на велодромскиот велосипедизам на Комонвелтските игри 2014 и објавил дека сака да настапи како велодромски велосипедист на Летните олимписки игри 2016.

По Олимпијадата во 2008 година, Вигинс земал пауза од велодромскиот, за да се посвети повеќе на друмскиот велосипедизам. Првично гледан како специјалист за хронометри и универзален возач, Вигинс ги покажал своите способности во етапните трки, кога стигнал до четвртото место на Тур де Франс 2009; подоцна го добил третото место откако резултатите на Ленс Армстронг биле избришани во 2012 година. Во 2010 година бил вклучен како водач на новиот и победил на воведната етапа на Џиро д’Италија. Негова прва поголема етапна победа на Вигинс била на Критериум ду Дофине 2011. Вигинс завршил трет на Вуелта а Еспања 2011. Десет дена подоцна, Вигинс го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство во Копенхаген, Данска. Во 2012, Вигинс покажал одлична форма со победите на Париз-Ница 2012, Тур де Романди 2012 и ја одбранил неговата титула на Критериум ду Дофине, пред да победи на Тур де Франс и да го освои златниот медал на хронометарот на Летните олимписки игри 2012. По неговиот успех во 2012 година, Вигинс добил неколку признанија и награда; наградата Златен велосипед за најдобар возач на годината, наградата спортист на годината од страна на ББС и бил прогласен за витез во 2013 година. Во 2014 година, го освоил златниот медал на хронометарот на Светското друмско првенство 2014.

Вигинс е единствениот велосипедист, кој успеал да го освои Тур де Франс и да добие олимписки златен медал во истата година и единствен возач, кој победил на Гранд Тур и има олимписки златен медал во велодромски велосипедизам. Вигинс освоил седум олимписки медали, вклучувајќи четири златни, најмногу од сите британски олимпијци и трет по бројот на златни медали, зад Крис Хој и Стив Редгрејв.

Ран живот

Вигинс е роден во 1980 во Гент, Белгија, каде живеел неговиот австралиски татко, Гери Вигинс, професионален велосипедист. Кога неговите родители се разделиле во 1982, се преселил во Лондон со неговата мајка и останале кај неговите баба и дедо.„Момчето кое стана двоен олимписки првак“. London Evening Standard. 15 јуни 2012 Вигинс имал лоша врска со неговиот татко Гери, кој правел мали напори за да го види малиот Бредли во текот на неговото детство во Обединетото Кралство. Тие се сретнале кратко пред Летната олимпијада 2000 во Сиднеј. Меѓутоа, обајцата се разишле кога Бредли се разочарал од проблемите на татко му со алкохолот и дрогата. Тие не се сретнале повторно - Гери Вигинс умрел во 2008 на 55 години во Аберден, Нов Јужен Велс.

thumb|лево|Велодромот Херн Хил во јужен Лондон, каде Вигинс ја започнал својата кариера во велодромскиот велосипедизам на возраст од 12 години.

Мајката на Вигинс Линда, била секретарка во училиште во Северен Лондон, кое Бредли го посетувал. Тој имал помлад полубрат Рајан. Тој започнал да вози на Велодромот Херн Хил во јужен Лондон на возраст од 12 години и го претставувал лондонскиот округ Кемден на Лондонските младински игри како младинец. Во 2010, бил примен во холот на славните на Лондонските младински игри.

Кариера Рани години

Во 1997, Вигинс го направил својот голем пробив, освојувајќи ја титулата светски јуниорски првак во поединечен пласман во Куба на возраст од 17. На Комонвелтските игри 1998 во Куала Лумпур го освоил сребрениот медал во екипен пласман, натпреварувајќи се за Англија. На 20 години, Вигинс го освоил бронзениот медал за Британија во екипен пласман на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј. Во 2001, потпишал за британската професионална друмска екипа Линда Мекартни Рејсинг Тим, пред да се распушти на почетокот на 2001. Тој му се придружил на во 2002, за потоа да се пресели во во 2004. Во текот на 2003, Вигинс бил подучуван од Крис Бордмен; бил гледан како негов наследник. На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Вигинс станал првиот британски спортист во последните 40 години, кој успеал да освои три медали на едни Игри, последниот бил Мери Ранд на Летната олимпијада во 1964 во Токио. Тој освоил злато во поединечна потера, сребро во екипна и бронза во медисон со неговиот партнер Роб Хејлс.

На Вигинс му била доделена титулата OBE во 2005 за заслугите во спортот. На почетокот на 2005, изразил желба да учествува во друмскиот велосипедизам. Тој се приклучил на во 2006 и возел по првпат на Тур де Франс.

2007

thumb|left|Вигинс завршил четврти на прологот на Тур де Франс 2007 во Лондон

Повторно се вратил на велодромите за трката Манчестер од Светскиот куп UCI и светските првенства во 2007, победувајќи во поединечен и екипен пласман. Во друмскиот велосипедизам, пак, го освоил прологот на Критериум ду Дофине Либере 2007. Тој возел за Кофидис на Тур де Франс 2007 и завршил четврти на прологот во Лондон. Ја освоил наградата за борбеност на шестата етапа по долгото соло бегство, на 40-годишнината од смртта на британскиот возач Том Симпсон на Тур де Франс 1967 и роденденот на неговата жена Кетрин. Кофидис се откажал, откако Кристијан Морени бил позитивен на допинг тестот и Вигинс и неговите колеги биле одведени од Тур со полиција. Во случајот со Морени и позитивниот тест на водачот на трката Александар Винокуров, Вигинс прозборел против допингуваните на Тур, и го фрлил неговиот дрес на Кофидис, изјавувајќи дека никогаш повторно нема да вози за таа екипа.

2008

thumb|right|Вигинс и Марк Кевендиш на нивниот пат кон станувањето светски медисон прваци 2008 во Манчестер

Во 2008 потпишал со , екипата подоцна позната како . На Светското велодромско првенство во Манчестер, тој освоил три златни медали: поединечен пласман, екипен пласман и медисон.

На Летните олимписки игри 2008 повторно го освоил поединечниот пласман, прв возач кој успеал да го одбрани насловот на Олимпијадата. На 17 август бил член од олимпискиот тим за екипен пласман, кој го поставил новиот светски рекорд со 3:55:202, победувајќи ја Русија во меѓусебната борба. Следниот ден, екипата го освоила златото со светски рекорд од 3:53:314, победувајќи ја Данска за 6,7 секунди. Вигинс заедно со Марк Кевендиш во дисциплината медисон завршил на деветтото место.

Во октомври 2008 ја објавил неговата автобиографија, Во потрага по славата и се приклучил на екипата за сезоната 2009.

На 14 декември 2008, Вигинс бил деветти на изборот од ББС за спортисти на годината со 5.633 гласови. На 31 декември Вигинс бил назначен за Командант на Редот на Британската Империја (CBE).

2009

thumb|left|Бредли Вигинс на Тур де Франс 2009, возејќи за

По завршувањето на 71. место на Џиро д’Италиа 2009, каде исто така бил втор на последната етапа, Вигинс пристигнал на Тур де Франс 2009 притоа губејќи шест килограми. Тој бил трет на воведниот хронометар во Монако и му помогнал на Гармин за второто место на екипниот хронометар, и покрај губитокот на четири возачи. На првата планинска завршница Вигинс завршил 12., а на петтото место во генералниот пласман влегол во втората недела, имал највисок пласман во втората недела од некој британски возачи, од Роберт Милар. На втората планинска завршница, Вигинс завршил петти, притоа поместувајќи се на третото место во генералниот пласман. Тој бил нападнат од браќата Шлек на етапата 17 и паднал на шестото место, но се поместил на четвртото место на хронометарот на етапата 18. На етапата20, Вигинс завршил десетти и ја задржал неговата позиција со три секунди пред Френк Шлек. Тој ја држел таа позиција до последната етапа, изедначувајќи го најдобриот пласман од некој британски возач на Тур на Роберт Милар.Роберт Милар бил четврти во 1984

Вигинс го освоил националното британско хронометарско првенство во септември 2009.

Во октомври 2009 го освоил Хералд Сан Тур, откако му помогнале колегите на трката. Тој водел по освојувањето на хронометарот на етапата 5 со 14 секунди предност пред колегата Свен Тафт.

Вигинс потпишал договор за Гармин-Слипстрим во 2010, но по многу шпекулации во декември 2009 било објавено дека заминува оттаму и дека се придружува на , потпишувајќи четиригодишен договор со новата британска екипа.

2010

thumb|right|Вигинс на воведниот хронометар на Џиро д’Италиа 2010, возејќи ја првата сезона за

Вигинс ја започнал 2010 како екипен водач по првпат. Тој бил дел од составот, која го освоил екипниот хронометар на етапата 1 на Трката околу Катар. На 10 мај тој ја освоил својата прва голема победа во годината, на воведниот хронометарhttp://velonews.competitor.com/?p=114776 на Џиро д’Италиа, со што го презел и водството во генералниот пласман и розовата маичка. Тоа било неговата прва победа на Гранд Тур. Ја загубил маичката на етапата 2 од Кедел Еванс, откако следел пад пред крајот на етапата.http://velonews.competitor.com/?p=114784 Загубил уште време низ понатамошните етапи на Џиро, но го повратил загубеното на етапата 11, на која завршил четврти. Но неговото темпо опаднало кон крајот на трката и загубил доста време на последните етапи со што на крајот завршил 40. место.

Вигинс влегол на Тур де Франс со високи очекувања по неговото 4. место претходната година. Меѓутоа, неговиот Тур започнал разочарувачки, кога завршил дури на 77. место на воведниот пролог, откако раната почетна позиција го изложила на лоши услови.http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/475500/team-sky-s-decision-to-put-wiggins-off-early-back-fires.html 15-07-2011 10:29 UTC Вигинс завршил осми на етапата 3, бидејќи на калдрмата отпаднале многу фаворити.http://www.bikeworldnews.com/2010/07/06/2010-tour-de-france-stage-3-results/ 15-07-2011 10:31 UTC Меѓутоа, на етапата 8 (првата планинска завршница на Тур), Вигинс успеал да дојде само до 19. место, со што загубил 1 минута и 45 секунди од етапниот победник Енди Шлек.http://www.bikeworldnews.com/2010/07/11/2010-tour-de-france-stage-8-results/ 15-07-2011 10:33 UTC Вигинс загубил уште повеќе време следниот ден, на етапата 9, кога дошол 30. (губејќи 4 минути и 55 секунди од главните конкуренти),http://www.roadcycling.com/articles/2010-Tour-de-France-Results---Stage-9_003716.shtml 15-07-2011 10:52 UTC што ги уништило шансите за влез во првите 10. На крај завршил на 24. позиција, 39 минути и 7 секунди зад победникот Енди Шлек и 7 места зад неговиот колега Томас Лефквист. Подоцна, Контадор бил пронајден виновен за користење допинг и титулата победникот на Тур де Франс 2010 прешла во рацете на второпласираниот Енди Шлек.http://velonews.competitor.com/2010/07/news/2010-tour-de-france-stage-20-results_123035#gc 15-07-2011 10:53 UTC

Вигинс останал британски национален хронометарски првак.http://www.bikeradar.com/news/article/wiggins-and-pooley-win-british-time-trial-championships-27634/ 15-07-2011 10:34 UTC

2011