Руј е погранична планина меѓу Бугарија и Србија. Највисоката и точка е врвот Руј (1.706м).
Наоѓа се во западна Бугарија, во близина на градот Трн и југоисточна Србија во близината на селото Звонце. Зазема најзападниот дел на Рујско-Верилската планинска група. По вододелното било на планината поминува државната граница меѓу Бугарија и Србија. Во јужна и источна насока на бугарска територија таа е ограничена со долината на реката Ерма. На запад се поврзува со Рудина Планина. Непосредно на југоисток од неа се наоѓа помала Ездимирска Планина. се протега во насока исток-запад со должина од 20 км и ширина 8 км. Вкупната и површина е околу 86 квадратни километри. Таа е масивна, куполовидна планина од блоков тип и во голема мера во надворешниот си изглед е слична на Витоша.Николов, В., Йорданова, М. Планините в България, София, 1997, стр.80-83. Некои од главните туристички правци во бугарскиот дел на Руј се означени со двонасочна (летна) ознака.
Наводи
Поврзано Бугарија Планини во Бугарија Географија на Бугарија
Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Бугарија Категорија:Планини во Србија Категорија:Бугарско-српска граница Категорија:Меѓународни планини во Европа Категорија:Јужна Србија