Гран Торино (англиски: Gran Torino) е американски филм од 2008 година, режиран и продуциран од Клинт Иствуд, кој ја игра и главната улога, заедно со Би Ванг и Ени Хер. Во филмот играат голем број глумци кои по потекло се Хмонг Американци, како и најмладиот син на Иствуд, Скот Иствуд, кој го глуми Треј, а најстариот син на Иствуд, Кајл Иствуд ја напишал музиката за филмот. Филмот се појавил во кино-салите во Северна Америка на 12 декември 2008 година, а светската промоција ај доживеал на 9 јануари 2009 година. Тој бил првиот конвенционален американски филм во кој биле прикажани Американци со Хмонг потекло. „Гран Торино“ имал голем комерцијален успех, заработувајќи над 260 милиони долари. Во рамки на Хмонг заедницата во САД, филмот доживеал и пофалби и критики.Cast & crew User reviews Trivia FAQ IMDbPro Gran Torino

Синопсис Волт Ковалски (Клинт Иствуд) пензиониран работник на фабриката Форд и ветеран од американската армија во Корејската војна, од неодамна останал вдовец, по 50 години поминати во брак. Тој живее во близина на Детроит, во Highland Park, во населба во која доминираат сиромашни азиски имигранти. Покрај изолацијата, тој ја чувствува емоционалната одделеност од својата фамилија, бил непочитуван од страна на неговите внуци за време на погребот на својата жена, а нивните родители биле незаинтересирани. Тој жестоко ја отфрла понудата кога еден од неговите синови сака да го пресели во дом за стари лица (претчувствувајќи дека тие го сакаат неговиот дом и неговите вредни работи) и живее сам со неговиот лабрадор ретривер, Дејзи. Волт добива нагони на кашлица и повремено искашлува крв, но тоа го крие од неговата фамилија. Отец Јанович, млад католички свештеник на којшто жената на Волт му се исповедала, се обидува да го утеши, но Волт отворено го презира младиот и неискусен маж.

Хмонг-семејството Ванг Лор се соседи на Волт. На почетокот, тој не сака да има ништо со неговите нови соседи, особено откако го фатил Тао Ванг Лор, член на таа фамилија, обидувајќи се да го украде неговиот „Форд Гран Торино“ од 1972 кој бил принуден за тој потег од страна на Хмонг-бандата кој ја води братучедот на Тао, наречен „Пајак”. Бандата е разбеснета и го напаѓа Тао, но Волт со нив се соочува со пушка М1 Гаранд и ги брка. Со тоа тој ја придобива довербата кај Хмонг заедницата. Како покајување, мајка му на Тао го убедува Тао да работи за Волт, којшто го ангажира да работи невообичаени работи во соседството и постепено двајцата со тешко срце започнале да се почитуваат еден со друг, потпомогнати од сестрата на Тао, Су. Волт му помага на Тао да најде градежничка работа и му дава совет како да се однесува за време на состанокот со популарна Хмонг девојка Јоуа која ја нарекува Јам Јам.

Бандата продолжува да му врши притисок на Тао и тие повторно го напаѓаат кога тој си оди од работа накај дома. Волт ги гледа раните на Тао и ги посетува членовите на бандата дома каде што тој напаѓа еден член од бандата. Во знак на одмазда, бандата пука во домот на фамилијата Ванг Лор, повредувајќи го Тао и притоа бегаат со тоа што ја киднапирале и ја силувале Су. Следниот ден Тао бара помош за одмазда од Волт при што Волт на тоа му вели да се врати доцна попладне. Во меѓувреме Волт се подготвува со тоа што купува одело, се потстрижува и оди на исповед кај Отец Јанович. Кога Тао се враќа, Волт го носи во подрумот каде што му ја дава Сребрената ѕвезда (медал што го даваат на американските војници). Потоа Волт го заклучува Тао во подрумот и му кажува дека бил прогонуван во мислите од спомени за тоа што убил непријателски војник (податок што не го споделил кога се исповедал кај Отец Јанович) и инсистира Тао да не биде сведок на таков чин за да не го прогонува тоа искуство.

Волт оди до куќата на членовите од бандата. Кога тие го здогледуваат, тие посегнуваат по нивното оружје. Тој зборува гласно (отворено ги прекорува), привлекувајќи го вниманието на соседите. Ставајќи цигара во устата, бара запалка и потоа полека ја става неговата рака во палтото и провокативно ја вади раката преправајќи ја дека е пиштол, поттикнувајќи ги членовите од бандата да пукаат во него и да го убијат. Како што паѓа тој на земја, ја отвора својата шака и покажува воена запалка што значи дека не бил вооружан. Су го ослободува Тао, ја земаат колата на Волт, Гран Торино и идат до местото каде што е убиен Волт. Хмонг полицаец им кажува дека бандата ќе биде уапсена и осудена на долг временски период за убиство бидејќи голем број сведоци го виделе убиството.

Погребот на Волт го води Отец Јанович и присуствувале не само неговата фамилија туку и Тао, Су и многумина од Хмонг заедницата. Потоа, неговиот тестамент е прочитан и на изненадување на неговата фамилија, Волт ништо не им оставил. Неговата куќа ја дава на црквата а неговиот внимателно чуван автомобил - Гран Торино го остава на Тао. Филмот завршува како Тао ја вози колата со кучето на Волт, Дејзи.Gran Torino

Улоги Клинт Иствуд (Clint Eastwood) како Волт Ковалски Би Ванг (Bee Vang) како Тао Ванг Лор, млад Хмонг тинејџер Ени Хер (Ahney Her) како Су Лор, најстарата сестра на Тао Кристофер Карли (Christopher Carley) како Отец Јанович Доуа Моуа (Doua Moua) како Фонг ,,Пајак” (Spider), братучед на Тао, главниот на уличната банда со Хмонг лица и главниот антагонист. Сони Вуе (Sonny Vue) како Смоки, десна рака на Фонг Брајан Халеј (Brian Haley) како Мич Ковалски, постариот син на Волт и братот на Стив, татко на Џош и Ешли Брајан Хове (Brian Howe) како Стив Ковалски, помладиот син на Волт, девер на Карен и брат на Мич Гералдине Хјус (Geraldine Hughes) како Карен Ковалски, сопруга на Мич, снаа на Волт и на Стив и мајка на Ешли и Џош. Дрима Вокер (Dreama Walker) како Ешли Ковалски, ќерка на Мич и Карен и внука на Волт. Мајкл Е. Куровски (Michael E. Kurowski) како Џош Ковалски, син на Мич и Карен и внук на Волт. Џон Карол Линч (John Carroll Lynch) како Мартин, фризерот на Волт од италијанско-американско потекло Чи Тао (Chee Thao) како баба Ванг Лор, матријарх на фамилијата на Тао. Чоуа Куе (Choua Kue) како Јоуа, која што Волт ја вика ,,Јам Јам” Скот Иствуд (Scott Eastwood) како Треј, дечкото на Су.

По одржувањето на аудициите во Фресно, Калифорнија, Детроит, Мичиген и Сент Пол, Минесота, Иствуд одбрал десет Хмонг главни глумци и споредни глумци. Од нив само еден не се појавувал на филм за првпат. Од аудицијата со глумците со Хмонг потекло, вклучувајќи го и Би Ванг, еден од главните глумци, биле од Минесота. Ени Хер доаѓа од Ленсинг, Мичиген. Агенцијата задолжена за кастинг на глумци ,,Паунд и Муни” (Pound & Mooney) најми триесет глумци и преку петстотини стажанти. Агенцијата најми многу глумци со Хмонг потекло на еден фусбалски турнир во округот Макомб во Мичиген. Сенди Чи Моуа (Sandy Ci Moua), која е глумица со Хмонг потекло и живее во Минеаполис и Сен Пол, помогна во одбирањето на глумци со Хмонг потекло за потребите на филмот.

Продукција Режијата на филмот Гран Торино ја направи Клинт Иствуд, а сценариото го напиша Ник Шенк (Nick Schenk). Продукцијата беше направена од страна на Village Roadshow Pictures, Media Magik Entertainment и Malpaso Productions за дистрибутерот ,,Варнер броз”. Иствуд исто така продуцирал покрај Малпасо партнерите Роберт Лоренц и Бил Гербер. Оригиналното сценарио било инспирирано од североисточното соседство на Минеаполис, Минесота, но филмската екипа одбрала да се снима во Мичиген, станувајќи една од првите продукции која го искористила новиот државен закон кој обезбедува корисен стимул пакет за филмските продукции. Бил Хуиценга, од Зиланд, Мичиген којшто работел во Претставничкиот дом во Мичиген, им помогнал на создавачите на филмот да се напише и координира програмата за стимул пакетот на државата Мичиген. Иствуд никогаш јавно не изјавил зошто сака да го направи филмот. Луиза Шејн во неделниот весник AsianWeek напаѓа дека можеби тој се поистоветувал со татковските особини на Волт Ковалски.

Во јули 2008 година почнал да се снима филмот. Биле најмени Хмонг момчиња како дел од екипата како и продукциски асистенти и стажанти. Филмот се снимал повеќе од пет недели. Уредниците Џоел Кокс и Гери Д. Роуч го скратиле филмот за тој да не биде подолг од два часа. Екипата потрошила 10 милиони долари додека го снимале филмот во Детроит. Во раните 90-ти години, Шенк бил запознаен со историјата и културата на луѓето со Хмонг потекло додека тој работел во фабрика во Минесота. Тој исто така дознал како тие (Хмонг народот) биле во сојуз со Јужно виетнамските сили и нивните американски сојузници за време на војната во Виетнам, за на крајот да завршат во кампови за бегалци, оставени на милост и немилост на северните комунистички сили, откако американските трупи се повлекле од Виетнам а владините сили биле поразени. Години подоцна, тој одлучувал како да развие приказна вклучувајќи и ветеран од Корејската војна којшто останал вдовец и обидувајќи се да се справи со промените во неговото соседство кога решил да смести фамилија од Хмонг потекло во соседството и да создаде културен судир. Тој и Дејв Јохансон, цимерот на братот на Шенк, создале нацрт за приказната. Според Шенк, тој секоја ноќ користел пенкало и лист за да го напише сценариото. Тоа го пишувал во бар во северноисточниот дел на Минеаполис, Грумпи, користејќи го времето кога не ја работел својата редовна работа. Тој се сеќава дека напишал 25 страници од сценариото во една вечер во барот. Исто така се сеќава дека го прашал келнерот, кој всушност му бил негов пријател, прашања за понатамошниот тек на приказната. Некои луѓе поврзани со филмската индустрија кои биле блиски со Шенк му кажале дека тој не може да направи филм со старец во главната улога бидејќи така нема да биде продаван филмот, а посебно не со постар главен лик кој користел јазик кој сугерирал дека ликот имал расистички ставови. Шенк преку пријател го пратил сценариото до продуцент на холивудското студио ,,Варнер броз” – Бил Гербер. Иствуд бил во можност да го режира филмот а воедно и да ја игра главната улога во проектот односно во филмот бидејќи во тој период снимањето со филмот ,,Непобедливи”(Invictus) била одложена за почетокот на 2009 година при што тој имал доволно време за да го снима филмот Гран Торино. Иствуд изјавил дека тој имал ,,забавна и предизвикувачка улога и ексцентрична приказна”.

Продуцентот Роберт Лоренц изјавил дека додека сценариото првобитно било да се снима во Минесота, тој се одлучил за Мичиген бидејќи Ковалски е пензиониран работник во фабрика за автомобили. Иствуд сакал глумци со вистинско Хмонг потекло притоа директорот задолжен за улогите Елен Ченовет (Ellen Chenoweth) ги контактирал организациите со лица од Хмонг потекло и контактирал во Детроит, Фресно и Сент Пол ; во Фресно и Сент Пол постоеле двете најголеми заедници во Соединетите Американски Држави со лица од Хмонг потеклото, додека Детроит исто така има забележителен број од популацијата со Хмонг лица. (Сепак повеќе од 4000 лица со Хмонг потекло живеат во Детроит, но во источниот дел од градот, многу малку живеат во Highland Park, што се повеќе од 93 % со Африканско- американско потекло). Ченовет ги пратил Би Ванг во Сен Пол и Ени Хер во Детроит.

Локации на снимање