Ерик Рајдер Хесједал (; р. во Викторија, Британска Колумбија, Канада) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1999-2016.
Тој е поранешен планински велосипедист, освојувајќи сребрен медал во 2011 на Светското првенство под 23 години. Станал професионалец со во 2005 година, откако неколку години настапувал за континенталната екипа на . Негов најдобар пласман на некоја голема трка било шестото место на Тур де Франс 2010, сè додека не ја освоил својата прва голема трка на Џиро д’Италија 2012, прва голема трка освоена од Канаѓанец.
Кариера Рана кариера
Неговата кариера започнало во натпреварувањата за планински велосипедизам. Хесједал имал голем успех како планински велосипедист, кога станал двократен светски првак во планински велосипедизам во 2001 и 2002. Тој освоил сребро како поединец на Светското првенство во планински велосипедизам во 2003 и настапил на Олимпијадата во 2004 за Канада во категоријата планински велосипедизам. На тие игри, Хесједал бил на неговиот пат да дојде до олимписки медал и да го посакува златниот медал пред остра карпа да ја дупне неговата гума, со што завршил олимпискио сон.
мини|лево|190п|Хесједал во текот на Светските друмски првенства 2006
Како последица на раните успеси и разочарувања во неговата кариера, тоа му дозволило да се префрли целосно на друмскиот велосипедизам. Како специјалист за искачување и хронометраш, тој бил избран од Дискавери Ченел за Џиро д’Италиа 2005 и му помогнал на Паоло Саволдели во победата, иако самиот не успеал да ја заврши трката. По 2005 се придружил на швајцарската екипа, Фонак. Таму ги постигнал некои од неговите најдобри резултати, завршувајќи четврти на Волта а Каталуња 2006 и втор на канадското хронометарско првенство 2006. Подоцна таа сезона возел за Вуелта а Еспања, иако се откажал при крајот на трката за да се сконцентрира на Светските друмски првенства во Салцбург. Постигнал не толку значајни резултати. Крајот на екипата Фонак довело да му се придружи на тимот Хелт Нет за 2007. Во 2008 се приклучил на Гармин-Слипстрим и му помогнал на Кристијан Ванде Велде да дојде до петтото место на Тур де Франс.
2009
Во 2009, Хесједал настапил на Вуелта а Еспања. Тој завршил втор на планинската десетта етапа зад Сајмон Геранс (), забележувајќи исто време како победникот. Меѓутоа, не ја пропуштил неговата можност неколку дена подоцна на етапата 12, кога се одвоил од групата на фаворитите на тешкото искачување Алто де Велефик. Му се придружил на самиот возач напред Давид Гарсија () и се обидувал да го помине, но Шпанецот опстојувал заедно со него. Хесједал го поминал неговиот соперник близу целта и ја зел победата. Со тој потфат, тој станал првиот Канаѓанец, кој освоил етапа на Вуелта и првиот канадски поединечен победник на некоја Гранд Тур етапа од Стив Бауер на Тур де Франс 1988. Меѓутоа, подоцна ја напуштил трката и не успеал да ја отпочне етапата 18. Хесједал бил единствениот Канаѓанец, кој настапил на Тур де Франс и во 2008 и во 2009. Исто така бил првиот Канаѓанец кој возел на таа трка по повеќе од десет години.
На крајот на 2009, Хесједал бил избран како канадски велосипедист на деценијата и машки канадски велосипедист на годината. Почеста ја добил од Canadian Cyclist, а резултатите биле последица на електронско гласање. Исто така, тој бил именуван како машки меѓународен велосипедист на годината за 2009 од Cycling BC.
2010
мини|лево|Хесједал на Тур де Франс 2010
Во март, Хесједал добил добар резултат на Монтепаски Страде Бјанке, италијански трка која делумно се вози на правливи патишта. Завршил петти, 19 секунди зад победникот, Максим Иглински од и изјавил дека е среќен со неговиот резултат. Во април, Хесједал стигнал до престижен подиум на арденскиот класик Амстел Голд Рејс, која водела низ белгиските ридови. Во последниот километар, се обидел да го следи неверојатното забрзување на Филип Жилбер на стрмниот Кауберг, но морал да се задоволи со второто место, 2 секунди зад Белгиецот.
Хесједал возел на Трката околу Калифорнија и завршил петти во генералниот пласман, земајќи ја победата на осмата етапа. Го отспринтал другите членови на бегството Крис Хорнер (), Џорџ Хинкапи () и Карлос Баредо (). Со овој успех, му помогнал во обезбедувањето на победата во генералниот пласман на Мајкл Роџерс, бидејќи Хесједал ги добил десетте секунди бонус како етапен победникот, со што никој од соперниците на Роџерс не успеал да му го преземе тесното водство во генералниот пласман.
Во текот на Тур де Франс 2010, Хесједал завршил 4. на третата етапа, која вклучувала некои делови на калдрма, откако водел на трката голем дел, сè додека не бил достигнат во последните шест километри. Бил прогласен за најборбен возач на денот и така го носел црвениот број на четврттата етапа. На 22 јули 2010, Хесједал повторно завршил четврти, овојпат на етапата 17 на познатиот Кол ду Турмале. На крај, Хесједал завршил шести во генералниот пласман на Тур де Франс 2010, највисоко пласиран Канаѓанец на трката во последните 22 години, кога Бауер завршил четврти на Тур де Франс 1988. Хесједал за неговиот резултат изјави:
2011
мини|200п|лево|Хесједал на Тур де Франс 2011
Хесједал имал мирна 2011, со неколку мали победи. Во април, завршил како деветти на Трката околу Баскија. Се пласирал во првите седум на четири од шесте етапи, но паднал од петтото на деветтото место во генералниот пласман по поединечниот хронометар, кој се одржал последниот ден, каде стигнал една минута и 52 секунди зад Тони Мартин. Имал добар резултат на Тур де Франс 2011, иако не успеал да го повтори неговото шесто место од претходната година. Бил 18. во генералниот пласман и дел од победата на екипниот хронометар на Тим Гармин на втората етапа. На планинската етапа 16, Хесједал стигнал до целта со неговиот колега Тор Хушовд и уште еден Норвежанец, Едвалд Боасон Хаген. Му дозволил на својот колега да го отпочне спринтот, со што ја зел и победата, додека Хесједал го освоил третото место. Други познати резултати од 2011 се четвртото место на ГП Мигел Индураин, десетти во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, дванаесетти на класикот Флеш Валон и 11. на домашната трка Гран при Монтреал.
2012
Хесједал возел силно на пролетните класици, вклучувајќи го и деветтото место на Лиеж-Бастон-Лиеж. Тој исто така возел на првите 4 етапи на Тур де Романди, но не ја завршил трката, бидејќи сакале да го одржат свеж за претстојниот Џиро, каде би бил екипен водач за генералниот пласман, додека задача на неговиот колега Тајлер Фарар ќе биде да успее во борбите за спринтерските завршници.
мини|десно|200п|Хесједал го следи Иван Басо на 17. етапа на Џиро д’Италија 2012.
Неговиот Џиро оваа година започнал со добар почеток, Гармин-Баракуда го освоиле екипниот хронометар и го поместиле Хесједал на четвртото место во генералниот пласман и на дофат до водство во трката. На 12 мај, тој станал првиот Канаѓанец во историјата, кој имал водство во генералниот пласман на Џиро д’Италија и ја облекол розовата маичка. Тој е првиот канадски возач од Стив Бауер на Тур де Франс 1990, кој облекол маичка за генерален пласман на некој Гранд Тур. Настанот се случил на седмата етапа, каде последниот од бегалците бил достигнат на околу 700 метри. Хесједал завршил петти на планинската завршница на Рока Ди Камбио, 5 секунди зад етапниот победник Паоло Тиралонго од , обезбедувајќи ја водечката маичка. Иако, на крајот, ја загубил маичката од Хоаким Родригес, тој повторно ја освоил на етапата 14, откако нападнал на Червинија и ги оставил неговите соперници зад него. Меѓутоа, Родригес успеал да постигне предност во генералниот пласман следниот ден.
Во текот на планинските етапи во последната недела, многумина очекувале Хесједал да отпадне од генералниот пласман, меѓутоа тој ја одржувал разликата помеѓу 15 и 30 секунди во генералниот пласман. Бидејќи бил сметан за силен хронометраш и бидејќи често напаѓач на последните планински етапи, отфрлајќи ги другите кандидати како Иван Басо и Микеле Скарпони, многу верувале дека Канаѓанецот ќе го освои Џиро на последниот ден, вклучувајќи го и самиот водач Родригес, кој признал дека не сторил доволно.
Кога последниот ден на Џиро бил возен низ улиците на Милано како хронометар, Хесједал ја завршил патеката за 34:15, кое било доволно време да ја преземе розовата маичка за последен пат. Со ова го завршил неговиот пат, станувајќи првиот Канаѓанец, кој победил на некој Гранд Тур и само по вторпат, розовата маичка да го промени сопственикот на последниот ден на Џиро. Победата изнуди моментален одговор од неговата татковина Канада, каде премиерот Стивен Харпер објавил изјава, велејќи „Му се заблагодаруваме на господинот Хесједал за овој исклучителен момент за канадскиот спорт. Оваа извонредна победа на едно од најтешките велосипедски натпреварувања е сведоштво на тренингот, издржливоста, вештините и натпреварувачкиот дух на господинот Хесједал“. Премиерот на Британска Колумбија, Кристи Кларк, додал дека „За Британска Колумбија ова е неверојатно. Знам дека овој успех ќе биде едно од најголемите канадски достигнувања некогаш во спортот“.
Исто така добил честитки од поранешниот канадски велосипедист Бауер и поранешниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг, кој објавил на Twitter „обожавам кога најдобриот човек победува“, Алан Пајпер, спортскиот директор на екипата Гармин, ја споредил победата на етапата 16 на Рајдер Хесједал со таа на победникот на Тур де Франс 2011, Кедел Еванс. Ги нагласил сличностите во борбата за задржување на пристојно растојание во последните планински етапи и потоа победата на хронометарот, која обајцата ја постигнале. За последното возење преку Пасо дело Стелвио, Хесједал изјавил дека „Јас бев малку загрижен. Како пристигнувавме на последниот дел од Стелвио, ниеден од моите соперници не сакаше да работи да ги зачуваат нивните места... Тие се сите тактики и ситуации. Јас морав да го спасам сопствениот Џиро во последните пет километри. Тоа беше огромен напор“.
По неговиот успешен Џиро, биле поставувани прашања дали тој сепак ќе вози на Тур де Франс 2012. Било објавено во почетокот на јуни, дека тој ќе биде екипен водач за Гармин на Тур. Хесједал исто така бил најавен како претставник на Канада на Летните олимписки игри 2012 од Канадскиот олимписки комитет во јуни. На Тур де Франс 2012 бил близу во генералниот пласман, на осмото место, 18 секунди зад водачот, од прологот до првите пет етапи. Потоа, Хесједал учествувал во масовниот пад предизвикан на шестата етапа, на која задоцнил 13 минути и го оставила надвор од конкуренција за жолтата маичка. Следниот ден, Хесједал се повлекол од трката, поради повредите на неговиот грб и нозе.
Наесен, Хесједал имал силен пласман на италијанскиот класик Џиро ди Ломбардија, каде завршил шести на трката при пороен дожд и ниски температури. Само 54 возачи од 197 ја завршиле трката. Потоа на крајот на сезоната на Трката околу Пекинг, ги оставил сите на целта на ридестата петта етапа, каде постојано напаѓал. Само возачот на Стив Камингс можел да го следи. Меѓутоа, на крајот Хесједал бил поминат од Камингс за победа и морал да се помири со второто место на етапата и 18. во генералниот пласман.
Хесједал ја добил наградата Лајонел Коначер како спортист на годината на Канада.
2013
upright|мини|лево|Хесједал на Лиеж-Бастон-Лиеж 2013
Прва трка за Хесједал во сезоната била Волта а Каталуња, каде му помогнал на својот колега Даниел Мартин да дојде до победа во генералниот пласман, додека се подготвувал себеси за неговиот врвен приоритет во сезоната, Џиро д’Италија. Хесједал возел на некои класици, како Лиеж-Бастон-Лиеж, каде се обидел да замине во соло бегство на Кот де Колонстер на околу 15 километри до целта. Подоцна бил достигнат од малата група зад него, во која се наоѓал и Даниел Мартин. Хесједал бил на чело на групата и уште еднаш му помогнал на Мартин да дојде дојде победи, заземајќи го осмото место на трката.