Ајман Мухамед Раби Ал Завахириal-Zawahiri is also sometimes transliterated al-Dhawahiri to reflect normative classical Arabic pronunciation beginning with . The Egyptian Arabic pronunciation is ; approximately: Ayman Mahammad Rabi Elzawahri. (арапски: أيمن محمد ربيع الظواهري ʾAyman Muḥammad Rabīʿ aẓ-Ẓawāhirī; роден на во ) — египетски лекар, исламски теолог и моментален водач на Ал-Каеда. Претходно бил вториот и последен „емир“ на организацијата Египетски исламски џихад, откако го наследил Абуд ал Зумар кога нему му била изречена казна доживотен затвор од страна на египетските власти. Неговата жена и три од неговите шест деца биле убиени во воздушен напад на Авганистан од страна на силите на САД кон крајот на 2001 година, по нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Од 2 мај 2011 година, по смртта на Осама Бин Ладен, тој станал водач на Ал-Каеда. Ова било потврдено на соопштението до јавноста од генералната команда на Ал-Каеда на 16 јуни. По нападите врз САД, американскиот Стејт департмент понудил награда од 25 милиони американски долари за информација која би довела до апсење на Ал Завахири. Тој е под светски санкции од Комитетот за санкции на Ал-Каеда како член на Ал-КаедаUN list of affiliates of al-Qaeda and the Taliban .
Ал Завахири наводно е квалификуван хирург. Кога неговата организација се споила со Ал-Каеда, тој станал личен советник и лекар на Бин Ладен. Првпат го сретнал Бин Ладен во Џеда во 1986 година. Ал Завахири покажал радикално сфаќање на исламската теологија и исламската историја. Тој зборува арапски, англиски и француски јазик.
Во 1998 година, Ал Завахири формално ја споил својата организација Египетски исламски џихад со Ал-Каеда. Според извештаи од страна на поранешен член на Ал-Каеда, работел во Ал-Каеда уште од основањето и бил висок член на нејзиниот Шура совет. Често бил опишуван како „заменик“ на Осама Бин Ладен, иако биографот на Бин Ладен го нарекувал „мозокот“ на Ал-Каеда. На 16 јуни 2011 година, Ал-Каеда изјавила дека Ал Завахири бил избран за наследник на Бин Ладен, откако водачот бил убиен во операција на САД на 2 мај 2011 година.
Алтернативни имиња и прекари
Ајман Мухамед Раби ал Завахири на арапски се изговара [ˈʔæjmæn mʊˈħæmːæd rɑˈbiːʕ azˤːɑˈwæːhɪriː] или [aðˤːɑˈwæːhɪriː] (второто е со класичен изговор). „Zawahiri“ обично се пишува „Zawahri“ (според изговорот на родниот египетски арапски јазик), но некогаш се пишува „Dhawahri" ако е транслитериран директно од модерен стандарден арапски, наречен книжевен арапски јазик во одредени академски кругови.
Ал Завахири бил познат и под имињата Абу Мухамад/Абу Мухамед (أبو محمّد), Абу Фатима (أبو فاطمة), Мухамад Ибрахим (محمّد إبراهيم), Абу Абдалах (أبو عبدالله), Абу ал Муиз (أبو المعز), Докторот, Учителот, Нур (نور), Устаз (أستاذ), Абу Мухамед Нур ал Дин (أبو محمّد نورالدين), Абдел Муаз/Абдел Моез/Абдел Муез (عبدالمعز).
Личен живот Рани години
Ал Завахири е роден во семејство од виша средна класа во Маади, Египет, предградие на Каиро и бил трудољубиво момче. Неговиот татко Мухамед Раби ал Завахири, бил од големо семејство на доктори и научнициAyman al-Zawahiri Fast Facts CNN June 7, 2016 Retrieved 2017-02-15 . Мухамед Раби станал хирург и професор по медицина на Универзитетот во Каиро. Мајката на Ајман ал Завахири, Умајма Азам, била од богат, политички активен клан. Ајман бил одличен на училиште, ја сакал поезијата, „мразел насилни спортови“,кои ги сметал за „нехумани“, и бил многу приврзан кон неговата мајка. Неговата сестра Хеба Мухамед ал Завахири, професор по медицинска онкологија на Националниот институт за рак на Универзитетот во Каиро, го опишала како „мирен и срамежлив“.
Ал Завахири станал побожен и заинтересиран за политика, под влијание на неговиот чичко Махфуз Азам и учителот Мустафа Камел ВасфиEl-Zayyat, Montasser, "Qaeda", 2004. tr. by Ahmed Fakry. Саид Кутуб проповедал дека за да се врати исламот и да се ослободат муслиманите треба да се развие одред од вистински муслиманиQutb, Milestones, pp. 16, 20 (pp. 17–18)., изработен по пример на оригиналниот Companions of the Prophet. На 14 годишна возраст, Ал Завахири се придружил на Муслиманското братствоWright, p. 37. His cell eventually merged with others to form al-Jihad or Egyptian Islamic Jihad.Wright, p. 42.. Наредната година, египетската влада го погубила Кутуб поради обвинението за заговор и Ал Завахири, заедно со уште двајца средношколци, помогнале да се формира „подземна ќелија за уривање на владата и основање на исламска држава“.
Уште во овие рани години Ал Завахири поставил мисија во животот „да ја спроведе во дела визијата на Кутуб“. Неговата ќелија со тек на време се споила до други за да се формира Египетски исламски џихад. Ал Завахири дипломирал на Универзитетот во Каиро во 1974 година со многу добра оцена. По дипломирањето, три години служел во Египетската армија како хирург, а потоа отворил клиника близу до неговите родители.. Во 1978 година станал магистер по хирургија.
Во 1993 година, Ал Завахири го пратил својот помал брат, Мухамед Ал Завахири, на Балканот за да помогне во водењето на муџахединските борци во Босна. Мухамед е познат како експерт за логистика и воен командант на исламскиот џихад. Мухамед тајно работел во Босна, Хрватска и Албанија, претставувајќи се како службеник на Меѓународната исламска организација за помош. Додека се криел во Обединетите Арапски Емирати во 2000 година бил уапсен, екстрадиран во Египет каде му била досудена смртна казна. Бил држен во затворот Тора во Каиро како политички затвореник. Службени лица за безбедност изјавиле дека управувал со Комитетот за специјални акции на Исламскиот џихад кој организирал терористички операции. Сепак, после народното востание во Египет, на 17 март 2011 година бил ослободен од затвор од страна на привремената Влада на Египет, Врховниот совет на вооружени сили. Неговиот адвокат изјавил дека бил држен за да извлечат од него информации за неговиот брат, АјманEgypt Releases Brother of Al Qaeda’s No. 2, Liam Stack, The New York Times, March 17, 2011. Меѓутоа, на 20 март 2011 година повторно бил уапсен.Brother of Al-Qaeda's Zawahri re-arrested, Sherif Tarek, Ahram Online, 20 March 2011.
Брак и семејство
Во 1978 година се оженил со Аза Ахмед Новари, која студирала филозофија на Универзитетот во Каиро. Нивната свадба, во хотелот Континентал, била многу конзервативна, со одделен простор за мажи и жени, без музика, без фотографирање и без весел хумор.Wright, pp. 43–44.. Многу години подоцна, кога по нападите врз САД во 2001 година и нападот на САД во нападнале, Аза не знаела дека Завахири наводно бил џихадски командант во изминатата декадаWright, p. 370..
Тие имале четири ќерки, Фатима (родена 1981 година), Умајма, Набила (родена 1986 година) и Кадига (родена 1987 година) и син Мухамед, кој бил „внимателен и учтив“ и „миленик на своите постари сестри“, предмет на исмејување и малтретирање во традиционалната машка средина, кој претпочитал да „остане дома и да и помага на мајка си“Wright, pp. 254–5.. Десет години по раѓањето на Муахамед, Аза ја родила Ајша која имала Даунов синдром. Во февруари 2004 година, Абу Зубајдах бил измачуван со потопување во вода и изјавил дека Абу Тураб Ал Урдуни се оженил со една од ќерките на ЗавахириIntelligence report, interrogation of Abu Zubaydah, 18 February 2004..
Зајнаб Кадр се потсетила на забавата за свршувачката на Умајма во семејната куќа која траела цел ден, како и на Ал Завахири кој тропнал на вратата од собата на Умајма, велејќи им да пеат и да се забавуваат потивко бидејќи било ноќ.
Аза и Ајша биле убиени од Американци во ноември 2001 година, по нападите на 11 септември. По бомбардирање на зграда во Гардез од страна на САД, Аза била заглавена под урнатините на една куќа. Загрижена за нејзината пристојност „одбила да биде извлечена“ бидејќи „мажи ќе и го виделе лицето“. Нејзината 4-годишна ќерка Ајша, не била повредена во бомбардирањето, но починала бидејќи била изложена на студ во ноќта кога авганистанските спасувачи се обидувале да ја спасат АзаWright, p. 371.. Во првата половина на 2005 година, се родила друга ќерка, НаварBergen, Peter. "The Osama bin Laden I Know", 2006. p. 367.
Обид за државен удар
Со тек на време тој станал еден од главните организатори и регрутер. Завахири се надевал да регрутира воени офицери и да собере оружје, и да го чека вистинскиот момент за да започне „комплетно соборување на постоечкиот поредок“. Главен стратег на Ал Џихад бил Абуд Ал Зумар, полковник во военото разузнавање чиј план бил да се убијат главните водачи во земјата, да се заземат седиштата на армијата и државната безбедност, телефонската централа, и секако зградата на радиото и телевизијата, каде ќе се емитуваат вести за исламската револуција, започнувајќи, како што очекувал, народно востание против секуларната влада низ целата земја.
Планот бил спречен во февруари 1981 година кога властите биле предупредени за планот на Ал Џихад со апсењето на оперативец кој носел важни информации. Претседателот Анвар Садат наредил преглед на повеќе од 1500 луѓе, вклучувајќи и многу членови на Ал Џихад, но испуштил ќелија во војската водена од поручникот Калид Истамбули, кој успеал да го убие Садат за време на воена парада во октомври истата годинаWright, p. 50..
Затворска казна и тврдењата за измачување
Ал Завахири бил еден од стотиците уапсени по атентатот на Садат. 1 септември 2005 година: Ал Џезира емитува видео порака од Мухамед Сидик Кан, еден од бомбашите на лондонското метро. По неговата порака следува уште една од Завахири, во која повторно го обвинува Тони Блер за бомбардирањата.. 7 декември 2005 година: На интернет е објавено целосно интервју од септември кое трае 40 минути, првото видео со таа должина. 3 април 2008: Ал Завахири рекол дека Ал-Каеда не убива невини луѓе и дека нејзиниот (поранешен) водач Осама Бин Ладен е здрав. Поставените прашања биле за неговите ставови во врска со Египет и Ирак, како и за исламистичкото движење Хамас. 22 април 2008 година: Аудио интервју во кое меѓу другото, Ал Завахири ги напаѓа иранските шиити и хезболах поради тоа што го обвиниле Израел за нападите на 11 септември и со тоа го нарушиле угледот на Ал-Каеда9/11 theory propagated by Iran: Al-Qaeda. На седмата годишнина од нападите на 11 септември 2001 година, Ал Завахири објавил касета од 90 минути, во која го критикувал „чуварот на муслиманите во Техеран“ за „ двете платени влади“ во Ирак и Авганистан. 7 јануари 2009 година: Била објавена аудио порака, во која Ал Завахири ветил одмазда за израелскиот напад на Газа и акциите на еврејската држава против војниците на Хамас ги нарекол „подарок“ од САД.. 2 јуни 2009 година: Аудио порака која изјавува дека Барак Обама не е добредојден во Египет. 15 јуни 2009 година: Ал Завахири ги повикува пакистанците да ги поддржат талибанците. 4 октомври 2009 година: The New York Times изјавил дека Ал Завахири тврдел дека Ибн Ал Шеик Ал Либи во Либија бил измачуван до смрт. Претседателството на Џорџ В. Буш изјавило дека Ал Либи бил клучен извор кој потврдил дека Ирак обезбедува обука за Ал-Каеда. 14 декември 2009 година: Во аудио снимка, Ал Завахири повторно повикал на воспоставување исламска држава во Израел и побарал од своите следбеници да „се стремат кон џихад против евреите“ и нивните поддржувачи. Исто така повикал на џихад против Америка и Западот, а египетскиот претседател Хосни Мубарак, кралот Абдула II од Јордан и кралот Абдула Бин Абдулазиз од Саудиска Арабија ги нарекол „браќа на сатаната“Anti-Defamation League: "Al Qaeda Second-in-Command Calls for ‘Jihad against Jews’” December 17, 2009. 8 јуни 2011 година: Ал Завахири го објавил своето прво видео по смртта на Бин Ладен, во кое го величел Бин Ладен и ги предупредил САД на одмазднички напади, но без да ги припише на водството на Ал-Каеда.Al-Qaeda’s Zawahiri appears on video but doesn’t assert leadership – Washington Post, June 9, 2011