Востанието на Петар Делјан, кое се избувнало во 1040 и траело до 1041 година, претставува еден од првите и најголеми обиди на македонскиот народ за возобновување на Самуиловата држава. На чело на востанието се наоѓал Петар Делјан, син на македонскиот владетел Гаврило Радомир, кој во 1040 година во Белград се прогласил за цар.
Политичко-социјалните прилики во Македонија по уништувањето на Самуиловото царство
Со ликвидацијата на Самуиловота држава во 1018 година во Македонија започнал периодот на тешкото и долготрајно византиско владеење. Македонија била вклучена во воено-административниот систем на Византија. Целата територија била поделена на управни и воени области со кои раководел специјален управник - дукс, кој за свое седиште го имал градот Скопје. Притоа биле разурнати некои одбранбени утврдувања, меѓу кои и градот Охрид, што било проследено со консфикацијата на сите царски обележја. Настрадале и многу градови и села. Некои од нив, како на пример Скопје, Струмица, Острово и други биле ограбени и опустошени, а дел од нивното население принудно иселено во Мала Азија и Црно-морското приморје. Покрај материјалните загуби, не биле поштедени ни човечките животи.
Поголемиот дел од повидното преживеано македонско благородништво биле одведени во малоазиските владенија на Империјата. Таму добиле високи патрицијски титули и раководни места во државната управа. Пример за ваквата пракса на византиските власти биле синовите на последниот владетел на Самуиловата држава Јован Владислав. Едниот од нив, Фружин, бил испратен во малоазиската тема Букеллариј (централните области на Мала Азија), на должност стратег, со чин магистер, а другиот, Арон, бил назначен за стратег во Астракенија (во Ерменија). Слично било и со останатите членови на кралското семејство. Оваа мерка на Василиј II имала за цел да ги одвои благородниците од нивната етничка средина, поради опасноста од повторно востание. Напоредно со одведувањето на членовите на македонската политичка елита во источните владенија на Византија, византискиот цар и останал доследен на практиката за назначување управници лојални на Империјата со функција на поефикасно обезбедување на контрола врз теренот и населението.
Царот Василиј II не ја сосема уништил Охридската патријаршија, туку смислено го намалил нејзиниот ранг во архиепископија. Со цел поцврсто да биде интегрирано македонското свештенство со византискиот управен систем, за прв нејзин архиепископ бил избран Јован Дебарски. Охридската архиепископија добила самостојност т.е тоа значело независност од Царската патријаршија и нејзината директна потчинетост на царот. Овој акт бил извршен со одредена цел: да се ограничи преголемата моќ на цариградскиот патријархт, а од друга страна да се зацврсти византиската управа во Македонија. Со три специјални хрисовули (грамоти) дадени од Василиj II во 1019, 1020 и од 1020-1025 година на Охридската архиепископија и биле потвредени старите привилегии, што таа ги имала во време на владеењето на цар Самуил.С. Антојак се сомнева во вистинитоста на овие хрисовули. За неговата расправа види во: Средновековна Македонија, т.1, Скопје, 1985 г. стр. 479-491. Освен тоа, Охридската архиепископија добила и низа други привилегии и богати дарови.
За да населението полесно ја прифати византиската власт Василиј II му оставил на поробеното население да плаќа даноци кон државата во иста мера како што тоа ги плаќало во времето на цар Самуил, во натура. Според зборовите на Скилица, „секој жител кој имал еден чифт волови морал да ѝ дава на државата по еден модиј жито, толку просо и по една стомна вино“. Но по смртта на овој византискиот цар состојбата во Македонија уште дотолку се влошила. На византискиот престол се менувале низа на неспособни владетелиЗа опаѓањето на византискиот државен систем по смртта на Василиј II до востанието на Петар Делјан во: Г. Острогорски, Историја на Византија, Наша книга, Скопје 1992 г.; стр: 384-390. Наедно со тоа настанале промени и во обврските и давачките на македонското население, така што во периодот до 1040 г. неговата положба станала речиси неподнослива. Главна причина за тоа било засилувањето на даночниот товар и злоупотребите на администрацијата. Многубројни биле и обврските на населението. На прво место тоа било задолжено, без разлика на временските услови, според потребите на државата, да го отстапува својот добиток за превоз на византиските чиновници и за потребите на војската. Во земјата биле доведени воени гарнизони кои населението морало да ги храни и облекува. Покрај тоа, Византија вплетена во долгогодишните тешки и исцрпувачки војни во Мала Азија и Италија против Арабјаните и Норманите, имала потреба од големи воени контингенти. Тие главо биле потполнувани од месното население во Македонија, на чие чело стоеле византиски офицери. Селаните биле задолжени да вршат ангарија т.е. да учестуваат во изградбата на патиштата, мостовте и градовите, како и во нивното одржување во исправна состојба. Овие видови работни и наутрални обврски во многу случаи биле потешки од сите редовни давачки и претставувале пречка за благовремено извршување на секојдневните работи. Најголемо незадоволсто кај народот предизивкала финансиската реформа на цариградската управа која почнала да се спроведува од триесеттите години на XI век. Со неа било предвидено да се изврши промена во начинот на плаќањето на даноците. Според новата реформа, даноците на државата населението морало да ги плаќа во пари наместо во натура. Ова тешко го погодило месното население. Одсега требало на пазарот да се носат повеќе производи за да се претвораат во пари. Нумизмите што се одземале од македонското население, соопштува Теофилакт, биле покриени со „солзи и болки“, бидејќи било многу тешко да се добијат.
За да се ослабне словенскиот елемент во завладеаните области биле доселувани византиски, турски и други колонисти во Повардарието и Струмичката област, кои ја разбивале копкатноста на македонското словенско население. За понатамошна ескалација на ситуацијата, кон крајот на 1036 или пак почетокот на 1037 годинаЗлатарски Васил, История на българската държава презъ средните векове. Том. II. България под византийско владичество (1018—1187), стр.42 архиепископот Јован, инаку Словен по потекло, умрел. Царот Михаил IV не го заменил него со друг словенски архиепископ туку на негово место го поставил грчкиот свештеник Лав кој предтоа служел во Св. Софија во Цариград. Како капак на сето тоа се чини дека царот без консултација со македонските епископи се решил на таков едностран чин. Во овие години започнуваат продирањата на ПеченезитеЈовановиќ М., Востанијата на македонскиот народ во XI век, Култура, Скопје 1963 год, стр.11, некогашните византиски сојузници во борба против Бугарите. Нивниот прв напад бил извршен по смртта на Василиј II, во 1026 година. Тие навлегле во земјата и на својот пат ги разорувале селата и градовите, убивале, грабеле и воделе во ропство голем број на луѓе од мирољубивото население. Во 1034 година тие успеале да навлезат дури до Солун. Продорите ги повториле во 1035 година и трипати во наредната 1036 година. Бедата на населението во тоа време ја зголемиле и ограбувањата од страна на македонските Власи, коишто се спуштале од планините и вршеле насилства. Мошне е изгледно дека во овој период и богомилите ја интензивирале својата дејност, на што упатуваат податоците од „Барските анали“, како и зголемената продукција на апокрифна литература од македонска провиниенцијаЧепреганов Т., и други., Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008 година, стр. 116. Кон овие несреќи се придружиле и низа на елементарни непогоди. Македонија била погодена од катастрофални земјотреси во 1026 и 1037-1039 година. Скилица изворно известува за тоа: По земјотресите уследиле страшни суши, во кои пресушиле многу реки, извори и бунари. Голем број на луѓе останале без своите домови, покуќнината, основните прехранбени производи и нивниот добиток. Како резултат на сето ова се појавил страшен глад, особено бил тежок оној во 1030 година. Во 1037 година по шестмесечна суша се појавиле роеви скакулци, а потоа паднал крупен град кој ги искршил дрвата и покривите на куќите. Гладот и природните непогоди предизвикале разни епидемични заболувања од кои населението масовно умирало. Според зборовите на Скилица, во 1039 година во Македонија умрело голем број на население од епидемија на тифус, а дури преживеаните не биле во можност да ги закопаат своите мртви. Сите овие фактори го зголемиле стремежот на македонскиот народ за повторно ослободување од византиската власт. Впрочем за тоа пишуваат и византиските извори. Писателот Михаил Псел пишува: И Скилица известува дека народот „кој тукушто го свил вратот под ропството“ се стремел „силно кој слободата“. Охриѓаните, соопштува тој, биле готови да се вооружат и да се дигнат против Византија веднаш по паѓањето на градот Охрид под византиска власт. Теофилакт Охридски пишува во своите писма дека во провинцијата Македонија работите биле секогаш пред „сеништето на војната“, зошто „варварите“Македонското население. не претставувале да мислат „за нивните честити времиња“.
Започнување на востаничките дејства и прогласувањето на Петар Делјан за цар
Потеклото на Делјан
По овие настани набрзина избувнало народноослободително и антифеудално востание помеѓу месното население и наскоро во 1040 година кон него се приклучил и станал водач Петар Делјан, кој за себе тврдел дека син на Самуиловиот наследник Гаврило Радомир. Византиските извори даваат различни одговори на тоа кој всушност навистина бил: син на Гаврило Радомир, син на братот на Самоил, Арон или пак обичен човек од незначаен род. Главниот извор за овој период, Јован Скилица пишува: Псел пак за неговото потекло говори: , додека во продолжението пишува: Јован Зонара, византиски хроничар од првата половина на XII век фрла различна сенка на приказната: Во додатоците на Скилицината хроника, издадена од Прокиќ за потеклото на Делјан се наоѓа важна белешка: Повеќето научници и истражувачи го прифаќаат Делјановото тврдење дека бил од родот на Гаврило Радомир, иако некои останати, предводени од советскиот историчар Литаврин се скептнични кон тоа. Поради различните искази кои ни се достапни од изворите, не постои сигурен начин кој би било решено ова прашање. Возможно е византиските автори кои во своите дела пишувале дека тврдењата на Делјан околу неговото потекло се лага, само се обидувале да го дискредитираат и оцрнат него и целото востание. Навистина следните случувања поврзани со појавувањето на Алусијан за кои ќе зборуваме понатаму, и неговите врски со Делјан говорат за тоа дека можеби историчарите што се залаагаат за верзијата на Јован Скилица, според која Делјан е синот на Гаврило Радомир и на унгарската принцеза со која тој бил кратко во брак, се во право.
Почеток на востанието
Кога точно се случило тоа? Одново само Скилица е конкретен: „Во истата година“ т.е во мај 6548=1040, 8 индикт како што дознаваме од неговото дело. Михаил Деволски внел уште една попрецизна информација: „тоа се случило дваесет и една година од нивното (на „Бугарите“) поробување и покорување. Останатите византиски извори не ги хронолшки точно датираат востаничките дејствата на Петар Делјан. Во таква ситуација можеме да ги прифатиме без колебање и сомнеж податоците на Скилица и Михаил Деволски (кои взаемно се контролираат) и да ги поставиме првите чекори на Петар Делјан (бегството од Цариград и појавата во Белград) во пролетта 1040 година.