Бодовниот пласман на Џиро д’Италија — еден од второстепените пласмани на Џиро д’Италија. Се одредува од пласманите на самите етапи, независно од временските разлики. Од 1967 до 1969, водачот носел црвена маичка, но во 1970 била променета во лилава maglia ciclamino (од италијанска: лилава маичка), именувана по бојата на алпското цвеќе циклама. Црвената маичка била повторно воведена во 2010 година. Сега била наречена maglia rosso passione. Меѓутоа, во април 2017 година, RCS Sport, организаторите на Џиро, објавиле дека maglia ciclamino се враќа на Џиро д’Италија 2017.

Историја

Системот за рангирање на бодовите бил воведен во 1966, кога немало соодветна маичка, додека на наредните две изданија, црвената маичка била доделувана на водачот во пласманот. Од 1969 до 2009, маичката била лилава, но често нарекувана циклама.

Бодовите им биле доделувани на возачи, кои завршувале први на етапата, независно од временските разлики. Исто така, бодови се освојувале и на средните спринтови на самите етапи. Постоел и пласман за бодовите од средните спринтови, со најразлични имиња низ годините, (Интерџиро, Експо Милано 2015, Трагвардо Воланте) и се практикувало на водачот да му се доделува сината маичка.

Помеѓу победниците на бодовниот пласман се и Марио Чиполини (трипати), Алесандро Петаки и идниот светски првак во 2006, Паоло Бетини.

На другите големи трки, како Тур де Франс и Вуелта а Еспања, исто така постојат бодовни пласмани; бодовниот пласман на Тур де Франс се означува со зелена маичка на водачот, додека бодовниот пласман на Вуелта а Еспања со сина маичка.

Моментални правила

До 2009, победникот на некоја етапа добивал 25 бода, независно од видот на етапата (за разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, каде за освојување на планинска етапа се добива помалку бода од рамна етапа). Следниот велосипедист добива 20 бода, следните 16,14, 12, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, сè до петнаесеттиот велосипедист, кој добива еден бод.

Секоја етапа (осве хронометрите) исто така има среден спринт. Првиот, кој ќе го помине добива 8 бода, следните 4, 3, 2, сè до шестиот велосипедист, кој добива еден бод.

Ако два или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, рангирањето се одредува по бројот на етапни победи, па бројот на победи на средните спринтови, па најмалата временска разлика во генералниот пласман.

Победници

задебелено означува возач, кој го освоил и генералниот пласман косо означува возач, кој го освоил и планинскиот пласман косо и задебелено означува возач, кој го освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.

' Повеќекратни победници

До 2021 година, девет велосипедисти го освоиле бодовниот пласман на Џиро д’Италија повеќе од еднаш.

+Повеќекратни победници на бодовниот пласман на Џиро д’ИталијаВелосипедистВкупноГодини 4 1976, 1977, 1978, 1982 4 1979, 1980, 1981, 1983 3 1992, 1997, 2002 3 1972, 1974, 1975 3 1985, 1987, 1988 2 2005, 2006 2 1969, 1970 2 1968, 1973 2 2015, 2016 2 2020, 2022

По националност

Возачи од тринаесет различни држави го имаат освоено бодовниот пласман на Џиро д’Италија.

+Победници на бодовниот пласман на Џиро д’Италија по националностДржаваБр. на велосипедистиБр. на победи 23 33 2 5 1 3 3 4 2 2 2 2 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1

Белешки

Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол. Награден по дисквалификување (поради допинг) на првичниот победник Данило ди Лука. Награден по дисквалификување на првичниот победник Алберто Контадор.

Пласман Аѕури д’Италија

Пласманот Аѕури д’Италија (италијански: Azzurri d'Italia'') е награда на Џиро д’Италија, каде бодовите се доделуваат на првите три етапни победници (4, 2 и 1 бод). Слично е на стандардниот бодовен пласман, каде водачот и крајниот победник се наградени со црвена маичка, но за овој пласман не се доделува ниедна маичка, туку само парична награда за севкупниот победник. На Џиро д’Италија 2007, победникот на Аѕури д’Италија освои 5.000 евра.http://autobus.cyclingnews.com/road/2007/giro07/?id=/features/2007/giro_classifications07 Cyclingnews.com: Џиро пласмани 2007

Победници

Белешки

Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол. Награден по дисквалификувањето на првичниот победник Алберто Контадор.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Џиро д’Италија