Пиленски јазик, или ваеакау-таумако — полинезиски јазик кој се зборува на Гребенските Острови и на Таумако во Соломоните. Јазикот се зборува низ целиот остров Таумако, додека на Гребенските Острови се зборува на Ауа, Матема, Нифилоло, Нупани, Нукапу и Пилени. Самите мештани веруваат дека потекнуваат од Тувалу. Традиционално јазикот се класифицирал како футунски јазик, но Базата на основни австронезиски зборови докажува дека оваа класификација е слаба.Austronesian Basic Vocabulary Database
Наводи
Поврзано
Футунски јазици Полинезиски јазици Гребенски Острови
Надворешни врски
Дел од Англиканската книга за молитви на пиленски
Категорија:Полинезиски јазици Категорија:Јазици на Соломоните