Карлос Баредо Љамазалес (; р. во Овиедо, Астурија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2004 до 2012. Тој бил суспендиран на два месеци на почетокот на сезоната 2011 како последица на тепачката со Руј Кошта по етапа на Тур де Франс 2010, кога Баредо го обвини Кошта дека возел опасно во последните етапи на трката, но подоцна се извини за неговите дела.

Допинг

Баредо бил суспендиран од на 18 октомври 2012, откако UCI отворил истрага за очигледните прекршоци на антидопинг правилата на основа на информација обезбедена од крвта во неговиот биолошки пасош. Во декември таа година, за шпанскиот весник El Pais изјавил дека се повлекува од велосипедизмот и започнува да работи во кафуле во Мадрид.

Достигнувања

2004 Вуелта а Астурија 1. Етапа 3 2. Краен пласман Волта а Каталуња 2005 Планински пласман Три дена Де Пане 3. ГП Пино Керами 7. Краен пласман Енеко Тур 2006 Тур Даун Андер 1. Етапа 3 2007 5. Краен пласман Класика де Сан Себастијан 10. Краен пласман Вуелта а Еспања 2008 5. ГП Лугано 8. Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 5 2009 1. Краен пласман Класика де Сан Себастијан 2010 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања 9. Џиро ди Ломбардија 2011 2. Краен пласман Класика де Сан Себастијан 2012 3. Краен пласман Трка околу Белгија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Карлос Баредо на Cycling Base

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Овиедо Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Астуриски велосипедисти Категорија:Шпански етапни победници на Вуелта а Еспања