Критериум ди Дофине (пред 2010 г.: Критериум ди Дофине Либере) — годишна велосипедска друмска трка, која се вози на 8 етапи низ областа Дофине во Франција во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, Дофине Либере, преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и Amaury Sport Organisation (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со Тур де Свис, Дофине е важна трка во рамките за подготовка на Тур де Франс во јули и е дел од календарот на Светската турнеја.

Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од Тур де Франс, како Мон Ванту, Алп д’Ез, Кол ду Галибие или Кол де ла Шартрос, кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќепати, исто така имаат победено на Дофине Либере.

Првиот Дофине Либере бил одржан во 1947, кога Едуард Клабински од Полска бил победник. Нело Лореди, Луис Окања, Шарли Моте, Бернар Ино и Крис Фрум го делат рекордот за најмногу победи, по три секој од нив.

Историја

По Втората светска војна, кога велосипедизмот се повратил по општиот петгодишен прекин, весникот Дофине Либере одлучил да основа и организира велосипедска етапна трка низ регионот Дофине. Трката е поставена во јуни, пред Тур де Франс. Од нејзините почетоци, трката била користена како подготовка за Тур де Франс од француските велосипедисти, вклучувајќи ги Луисон Бобе и Џон Робик. Исто така, служела како тест патека за напредната опрема за велосипедистите.

Моменталната форма на критериум е последица на спојувањето со „Трката на шесте провинции во Дофине“ во 1969.

Критериумот е единствената друга трка, која е освоена од сите петократни победници на Тур де Франс (Анкетил, Меркс, Хино, Индуран и Армстронг). Седум возачи ја имаат освоено Дофине Либере и Тур де Франс во истата година: Луисон Бобе во 1955, Жак Анкетил во 1963, Еди Меркс во 1971, Луис Окања во 1973, Бернар Тевене во 1975, Бернар Хино во 1979 и 1981, Мигел Индуран во 1995, Бредли Вигинс во 2012 и Крис Фрум во 2013 и 2015 година.

Градови, кои најмногупати биле домаќини на некој почеток или крај се: Гренобл (44 пати), Авињон (32 пати), Сент-Етјен (23 пати), Анси (22 пати), Шамбери (21 пат), Гап (21 пат), Лион (19 пати), Екс ле Бен (18 пати), Валенс (16 пати), Бријансон (15 пати) и Вал ле Бен (15 пати).

Маички

Водачот на генералниот пласман носи жолта маичка со сина лента, со што се разликува од другите возачи. На почетокот на 1948 била доделена црвената маичка со бели точки на водачот во планинскиот пласман на трката, додека во 1955 била доделена зелената маичка за најдобриот спринтер.

Победници

|-style="color:gray"

Повеќекратни победници

Победи Велосипедист Изданија<center> 3 1950, 1951, 1954 1970, 1972, 1973 1977, 1979, 1981 1987, 1989, 1992 2013, 2015, 2016 <center> 2 1952 + 1960 1963 + 1965 1966 + 1969 1975 + 1976 1988 + 1989 1993 + 1994 1995 + 1996 2002 + 2003 2001 + 2007 2008 + 2009 2011 + 2012 2017 + 2019

Велосипедистите со закосени букви се сè уште активни

Победи по земја

Имало 71 издание од 1947 година. На три изданија (2002, 2003 и 2006) им биле одземени победите од нивните првични победници Ленс Армстронг и Леви Лајпхајмер.

Држава Победи 30 10 8 4 3 3 3 2 2 1 1 1 1 1

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Франција

Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI