мини|Карта на Кардиганскиот Залив мини|250п|Поглед на Кардиганскиот Залив Кардиганскиот Залив (; ) е голем залив во Ирското Море, вовлечен на западното крајбрежје на Велс, помеѓу островот Бардси во грофовијата Гвинед на север и ’ртот Страмбл во грофовијата Пембрукшир на јужниот крај. Ова е најголемиот залив во Велс.„Да го зачуваме Кардиганскиот Залив“
Заливот има многу плажи и посебен морски свет. Крајбрежната патека на Кередигион служи за набљудување на делфини, морски свињи и атлантски сиви фоки.Крајбрежна патека на Кередигион Во заливот живее најголемото население на клунести делфини во Велика Британија.БиБиСи Вести - Велс
Голем дел од копното околу заливот е плодно обработливо земјиште, прошарано со гратчиња, села и приморски летувалишта како Фишгард, Њу Ки, Аберајрон, Ланон, Абериствит, Борт, Абердиви, Тивин, Бармут, Портмадог и Пулхели на камбриското крајбрежје.
Во заливот се влеваат следниве позначајни реки: Гласлин, Тејви, Рејдол, Диви, Ајрон, Дисини и Маудах.
Сè до почетокот на XX век, Кардиганскиот Залив имал мошне развиена поморска индустрија. На вливот на реката Тејви се наоѓа градот Кардиган, кој во своевремено бил поважно пристаниште од Кардиф. Во тој период, пристаништето на Кардиган имало заведено 300 бродови - седум пати повеќе од Кардиф и трипати повеќе од Свонзи.„Собирање на скапоценостите“ - портал за историјата и културата на Велс
Поврзано Кардиган Кередигион Ирско Море
Наводи
Надворешни врски Туристички портал на Кардиган Кардиганско крајбрежје
Категорија:Ирско Море Категорија:Заливи во Велс