Шкојдиц () — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Вајсе Елстер, 12 километри северозападно од Лајпциг. Аеродромот Лајпциг/Хале се наоѓа во Шкојдиц. Центарот за распоредување на поштата за целиот поширок регион на Лајпциг е сместен во Шкојдиц.

Население низ времето

Развојот на населението низ времето е даден во следната табела. Како многу градови во источна Германија, населението денес е помало отколку пред повторното обединување на Германија.

1885: 4.592 1910: 7.462 1925: 7.936 1933: 13.548 1939: 14.846 1950: 18.913 1971: 16.392 1981: 14.208 1988: 15.173 1990: 19.473* 1998: 17.285 2001: 19.027 2003: 18.702 2005: 18.594 2007: 18.150

*користејќи ги моменталните градски граници. Границите на градот се проширени низ времето, како е прикажано во следниот пасус.

Припојувања

Место Датум Забелешка Биниц 1 јануари 2000 Само Делциг и Клајнлибенау Делциг 1 јануари 1994 Припоен со Бургхаузен и Рикмарсдорф кон Биниц Фрајрода 1 март 1994 Споен со Радефелд Гербисдорф 1 декември 1972 Споен со Фрајрода Глезин 1 јануари 1999 Хајна 1 јули 1973 Споен со Радефелд Клајнлибенау 1 јануари 1957 Споен со Делциг Курсдорф 1 јануари 1994 Лесен 1 јули 1950 Споен со Волтериц Радефелд 1 јануари 1999 Велиц 1 јули 1950 Волтериц 1 март 1994 Припоен Радефелд

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Северна Саксонија Категорија:Саксонија (пруска покраина)