Даниел Џон Мартин (; р. во ) — поранешен ирски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел помеѓу 2008-2021 за екипите , , и .

Роден и пораснат во Англија, Мартин ја претставувал Ирска преку неговата мајка која била Ирка. Во текот на неговата кариера, Маргин настапил на две Олимписки игри и освоил етапи на Тур де Франс 2013 и на Тур де Франс 2018. Мартин, исто така, освоил етапи на Вуелта а Еспања во 2011 и во 2020, како и на Џиро д’Италија 2021. Завршил меѓу првите 10 на пет големи трки, трипати на Тур де Франс и двапати на Вуелта а Еспања. Исто така го освоил генералниот пласман на Трката околу Полска 2010 и на Волта а Каталуња 2013. На еднодневните трки го освоил Јапонскиот куп 2010, Тре Вали Варезине 2010, Џиро ди Тоскана 2011, Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2013 и Џиро ди Ломбардија 2014.

Ран живот и аматерска кариера

Мартин е роден на 20 август 1986 во Бирмингем, Англија. Мартин е син на Нил Мартин, поранешен британски професионален велосипедист и Марија Мартин (родена Роуш) од Ирска, сестра на победникот на Тур де Франс 1987, Стивен Роуш, татко на професионалниот велосипедист Николас Роуш. Мартин станал британски национален јуниорски првак во 2004, меѓутоа во 2006, Мартин одлучил да вози за Ирска. Во 2007, се приклучил на француската аматерска екипа , освојувајќи го планинскиот пласман на Ронде де л’Изар.

Професионална кариера Рани години

мини|лево|160п|Мартин на Критериум ду Дофине 2011

Мартин станал професионалец во 2008 со екипата . Тој постигнал брз успех со освојувањето на етапната трка Рут ду Суд и станал ирски национален друмски првак. Следната година, Мартин бил 35. на Светскиот ранкинг 2009 (со 137 бодови) на крајот на сезоната 2009 и возел на неговата прва голема трка, Џиро д’Италија 2009. Во 2010 ја освоил првата UCI ProTour етапна трка Трка околу Полска. Овој настап му го донел 49. место таа година во Светскиот ранкинг, каде завршил со 106 бодови, кои ѝ помогнале на Ирска да биде на 17. место во националниот пласман (254 бодови).

2011

2011 била неговата најдобра сезона досега. Тој ја освоил првата Гранд Тур етапа во текот на Вуелта а Еспања (Етапа 9) и исто така станал првиот Ирец, кој ја носел маичката во планинскиот пласман (имал водство на етапите 10 & 11). Тој исто така освоил етапа на Трката околу Полска, но не успеал да ја одбрани титулата од минатата година. Високото второ место на завршната трка во сезоната, Џиро ди Ломбардија го довела Ден до највисокиот пласман во Светската турнеја на UCI на деветтото место со 286 бода, помагајќи ѝ на Ирска да дојде на 13. место во националниот пласман (319 бодови).

2012

Иако немал победи во 2012, Мартин сè уште задржал висок пласман на Светската турнеја како 16. на крајот на сезоната со 196 бода.

2013

мини|лево|Мартин пред победата на Лиеж-Бастон-Лиеж.

Во 2013, Мартин заминал во бегство и победил на кралската етапа (етапа 4) на Волта а Каталуња 2013. Тоа било трета етапна победа на некоја трка од Светската турнеја. Исто така со победата на етапата го преземал водството во генералниот пласман и го задржал до крајот на трката. Во април победил на Лиеж-Бастон-Лиеж, поразувајќи го возачот на Хоаким Родригес. Имал доволно време да ја прослави својата победа откако Шпанецот отпаднал на последното искачување и сам стигнал до целта. Извонредната рана сезона за Мартин продолжила на Тур де Свис, каде завршил на осмото место во генералниот пласман.

Мартин бил избран да вози на Тур де Франс 2013 како еден од трите можни предводници на заедно со Рајдер Хесједал и Ендру Талански. На осмата етапа, Талански и Мартин завршиле заедно, дванаесетти и тринаесетти. Следниот ден, Мартин ја освоил деветтата етапа, откако се одвоил од водечката група со возачот на Јакоб Фуглсанг на последното искачување. Го поминал Фуглсанг во последниот километар за победа на етапата. Мартин се искачил на осмото место во генералниот пласман со оваа победа. Меѓутоа, Мартин се разболел во последната недела и на последните три планински етапи, паднал на 33. место во генералниот пласман.

Ја заокружил сезоната 2013 со четврто место на Џиро ди Ломбардија и второто место во генералниот пласман на Трката околу Пекинг, што му помогнало да се искачи на шестото место во последниот ранкинг на Светската турнеја.

2014

Мартин завршил втор на Флеш Валон, зад Шпанецот Алехандро Валверде (). Мартин бил добро поставен на Лиеж-Бастон-Лиеж, но во последните двесте метри паднал; Австралиецот Сајмон Геранс () победил на трката.

Главна цел на Мартин за сезоната му бил Џиро д’Италија, кој започнувал во Белфаст, Северна Ирска, Обединето Кралство. Меѓутоа, на воведниот хронометар, Мартин паднал, при што ја скршил клучната коска; подоцна ја напуштил трката. Го прескокнал Тур де Франс за да се подготви подобро за Вуелта а Еспања; завршил седми во генералниот пласман. Во октомври, Мартин победил на Џиро ди Ломбардија; нападнал во последниот километар и сам стигнал до целта, победувајќи со една секунда пред другите. Мартин постигнал етапна победа и завршил на второто место во генералниот пласман на последната трка во сезоната, Трката околу Пекинг, а на крајот завршил деветти во поединечниот пласман на Светската турнеја.

2015

Во март, Мартин стигнал до десетто место на Волта а Каталуња. Учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж, но бил достигнат од групата и морал да се откаже од надежите за победа на трката. Учествувал на Тур де Романди (завршувајќи на 104. место) каде се пожалил на болка во градите, а по трката му било пронајдено дека имал две скршени ребра, како последица на падот во Лиеж.

На единаесеттата етапа на Тур де Франс, Мартин имал триминутна разлика од бегството. Подоцна повел преку врвот на искачувањето. Меѓутоа, Рафал Мајка, дел од бегството, ја нападнал групата на Кол ду Турмале. Мартин стигнал на третото место. Сепак, ја освоил наградата за борбеност на етапата.

Во август 2015 година, во текот на учеството на Вуелта а Еспања, било најавено дека ќе потпише двегодишен договор со почнувајќи од 2016 година, како засилување на екипата за арденските класици и учествувајќи како кандидат на етапните трки.

2016

Мартин имал успех на неговата прва трка со неговата нова екипа, освојувајќи ја втората етапа на Волта а ла Комунитат Валенсијана, негова прва победа по една година. Имал уште една победа против силна група на Волта а Каталуња, каде завршил трет во завршниот пласман. Заминал во Белгија да настапи на арденските класици, каде негов најдобар резултат бил третото место на Флеш Валон.

2017

Прв позначаен резултат за Мартин во сезоната била етапната победа на Волта ао Алгарве. Во април завршил втор зад Алехандро Валверде на обете трки, Флеш Валон 2017 и Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2017. Во јуни, неговиот доцен напад на завршната етапа го довела до подиум, на третото место, на Критериум ди Дофине, претекнувајќи го Крис Фрум за една секунда.

На Тур де Франс 2017, Мартин бил вклучен во пад со Ричи Порт на деветтата етапа. И покрај болката, завршил шести во генералниот пласман, а по етапата дознал дека имал два скршени пршлена. Повредата го спречила да вози на Класика де Сан Себастијан 2017.

2018

upright|мини|Мартин на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2018

Во август 2017 година, Мартин објавил дека ќе се приклучи на потпишувајќи двегодишен договор, почнувајќи од сезоната 2018.

Сезоната ја започнал на Волта ао Алгарве.https://www.irishtimes.com/sport/other-sports/roche-and-martin-lay-out-early-season-programmes-1.3345297?mode=amp Завршил четврти на втората етапа, губејќи ја спринтерската завршница со Михал Квјатковски,http://www.the42.ie/dan-martin-volta-ao-algarve-3854357-Feb2018/ а на крајот завршил на 14. место на трката.

На Париз-Ница, Мартин ја напуштил трката поради лошите временски услови и болест на седмата етапа, Мартин на претходната етапа изгубил време поради механички проблем на неговиот велосипед.

На Волта а Каталуња, Мартин заостанал на четвртата етапа, завршувајќи 1 минута и 29 секунди зад етапниот победник Алехандро Валверде, на 19. место.

Првата победа во сезоната ја остварил на етапа на Критериум ди Дофине. На 12 јули, Мартин ја освоил втората етапа во кариерата на Тур де Франс со победа на шестата етапа на Тур де Франс 2018.

Бил именуван за најборбен возач на Тур де Франс на цела трка.

2020

Во 2020 година, Мартин се приклучил на со двегодишен договор.

Во 2020 година, Мартин го освоил петтото место на Флеш Валон, додека на Вуелта а Еспања завршил трет на секоја од првите две етапи, пред да ја освои третата етапа. На крајот завршил четврти во генералниот пласман.

2021

На 26 мај 2021 година ја освоил етапата 17 на Џиро д’Италија, со што освоил етапна победа на сите три големи трки. На крајот на Џиро завршил на 10. место во генералниот пласман.

Во септември 2021 година, Мартин објавил дека ќе се повлече од натпреварувањата на крајот на сезоната.

Личен живот

Мартин го задржал двојното државјанство на Велика Британија и Ирска. Откако станал професионалец, Мартин престојува во Жирона, Каталонија, Шпанија, пред да се пресели во Андора во 2014 година. Женет е со британската тркачка Џес Мартин. Во септември 2018 година им се родиле близначки, Дејзи и Ела Мартин.

Достигнувања

2004 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 1. 20п Краен пласман Трка околу Велс за јуниори 2005 9. Краен пласман Ронд де л’Изар 2006 2. Национално друмско првенство под 23 години 2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. Етапа 6 (ITT) 6. Трофео Интернационале Бастијанели 8. Краен пласман Ронд де л’Изар 2007 1. 20п Краен пласман Тур де Савоја 1. Етапа 4 4. Краен пласман Ронд де л’Изар 5. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 9. Трофео Интернационале Бастијанели 2008 Национални друмски првенства 1. 20п Друмска трка 1. 20п Друмска трка под 23 години 1. 20п Краен пласман Рут ди Сид 4. Краен пласман Трка околу Британија 6. Рут Адели де Витре 8. Краен пласман ГП Кореиос де Португал 10. Краен пласман Волта а Португал 2009 2. Краен пласман Волта а Каталуња 3. Краен пласман Средоземна трка 1. 20п Пласман за млад возач 5. ГП Западна Франција 8. Џиро ди Ломбардија 2010 1. 20п Трка околу Полска 1. Етапа 5 1. Тре Вали Варезине 1. Јапонски куп Тур Серис Ирска, Даблин 1. Критериум 1. Спринтови 2. Џиро дел’Емилија 3. Национално друмско првенство 3. Краен пласман Трка Бриксија 2011 1. Џиро дела Тоскана 1. Етапа 9 Вуелта а Еспања 2. Национално друмско првенство 2. Краен пласман Волта а Каталуња 2. Краен пласман Трка околу Полска 1. Етапа 6 2. Џиро ди Ломбардија 3. Меморијал Марко Пантани 8. Светска турнеја на UCI 2012 2. Јапонски куп 4. Краен пласман Трка околу Пекинг 1. 20п Планински пласман 4. Краен пласман Волта а Каталуња 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 6. Флеш Валон 2013 1. 20п Краен пласман Волта а Каталуња 1. Етапа 4 1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 1. Етапа 9 Тур де Франс 2. Краен пласман Трка околу Пекинг 4. Џиро ди Ломбардија 4. Флеш Валон 6. Светска турнеја на UCI 8. Краен пласман Тур де Свис 2014 1. Џиро ди Ломбардија 2. Краен пласман Трка околу Пекинг 1. Етапа 4 2. Флеш Валон 3. Краен пласман Тур де л’Ен 7. Краен пласман Вуелта а Еспања 9. Светска турнеја на UCI 2015 7. Краен пласман Критериум ди Дофине 7. Класика де Сан Себастијан 10. Краен пласман Волта а Каталуња 2016 1. Етапа 2 Волта а ла Комунитат Валенсијана 3. Краен пласман Волта а Каталуња 1. Етапа 3 3. Флеш Валон 3. Краен пласман Критериум ди Дофине 9. Краен пласман Тур де Франс 10. Светска турнеја на UCI 2017 2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2. Флеш Валон 3. Краен пласман Париз-Ница 3. Краен пласман Критериум ди Дофине 5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 6. Краен пласман Тур де Франс 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 2 6. Краен пласман Волта а Каталуња 8. Светска турнеја на UCI 2018 4. Краен пласман Критериум ди Дофине 1. Етапа 5 8. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 6 20п Награда за борбеност на цела трка 9. Џиро ди Ломбардија 10. Краен пласман Тур де Романди 2019 2. Краен пласман Трка околу Баскија 4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 5. Гран Пиемонт 7. Краен пласман Трка ОАЕ