Торгау-Ошац () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Елба-Елстер во Бранденбург и окрузите Риза-Гросенхајн, Дебелн, Мулдентал и Делич.
Историја
Округот бил создаден во 1994 година со спојувањето на претходните окрузи Ошац и Торгау и шест општини од поранешниот округ Ајленбург. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.
Географија
Главна река во округот е Елба. Пејзажот е доминантно низински со повеќе природни паркови низ округот.
Грб
180п|ГрбГлавен симбол на грбот е лавот од Мајсен, бидејќи територијата на округот историски припаѓала на грофовијата Мајсен. Лавот држи гранче од липа, симболизирајќи ги шумите и земјоделството во округот. Брановитата линија долу е реката Елба.
Грбот бил донесен на 12 јануари 1996 година.
Градови и општини
ГрадовиЗаедници на општиниОпштиниБелгерн Дален Домич¹ Мигелн Ошац Шилдау Торгау¹ ¹ администрирано како заедница на општиниБајлроде Арцберг Бајлроде Гростребен-Цветау Домич Домич Елсниг Тросин Торгау Торгау Драјхајде Пфликуф ЦинаКафертиц Либшицберг Мокрена Наундорф Зорнциг-Аблас Вермсдорф
Надворешни врски Официјална страница