Икер Ромеро Фернандес (роден на ) во Виторија) е поранешен шпански ракометар, кој моментално е помошник-тренер во германскиот бундеслигаш Хановер-Бургдорф. Тој играл на позицијата лев бек.

Ромеро во својата кариера играл за клубовите Ваљадолид, Адемар Леон, Сиудад Реал, Барселона и Фуксе Берлин. Тој станал светски шампион со репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство 2005 во Тунис.ЕХФ Профил

Клубови Ваљадолид (1997–2000) Адемар Леон (2000–2001) Сиудад Реал (2001–2003) Барселона (2003–2011) Фуксе Берлин (2011–2015)

Признанија Најдобар млад играч во шпанското првенство: 2000, 2001 и 2002 Најдобар лев бек на Светското јуниорско првенство 2001 Најдобар лев бек на Европското првенство 2006 Најдобар лев бек во шпанското првенство: 2005 и 2006 Најдобар стрелец во шпанското првенство: 2008

Наводи

Категорија:Шпански ракометари Категорија:Живи луѓе