Metro 2033 — пукачка игра од прво лице со елементи на ужаси, заснована на истоимената новела од рускиот писател Дмитриј Глуховски. Изработена е од 4A Games во Украина, а издадена е од THQ. Играта е пуштена во продажба на 16 март 2011 година PC и Xbox 360. Во март 2006 година, го објавија партнерството со Глуховски, за да соработуваат за играта. Играта беше објавена на Game Convention во 2009 година, во Лајпциг, заедно со официјален трејлер. Играта ќе има продолжение, наречено Metro: Last Light.
Гејмплеј
Играчот е во улога на Артиом. Приказната се одвива во пост-апокалиптична Москва, најчесто во метрото, но повремено играчот извршува мисии на површината.
Во Metro 2033 има голем избор на оружја, некои фиктивни, некое засновани на вистински оружја, кои играчот ги користи во акција. Играчот се бори против мутанти, но и против човечки непријатели. Мутантите не користат оружја и се стремат физички да го нападнат играчот, додека пак, луѓето се борат со истите оружја кои се достапни на играчот. Здравјето се полни самото, па така доколку играчот биде погоден, тој може да го обнови здравјето доколку не се изложи на оган т.е. доколку најде заштита, како ѕид или некој објект. Но доколку, играчот сака здравјето да се обнови побрзо, може да користи инекции, кои го обновуваат здравјето речиси веднаш. Кога играчот е тешко повреден, може да поминат и преку 20 секунди пред здравјето целосно да се обнови.
Во пост-апокалиптична околина, муницијата е ретка и е од суштинско значење. Муницијата која е направена пред апокалипсата се користи како валута; играчот исто така може да користи муниција со низок квалитет, произведена во метрото. Поради недостигот на муниција, клучен аспект на играта е барањето на истата. Играчот може да ги претресе труповите и да ја истражува околината за муниција, но и за оружја и предмети. Воената муниција може да биде искористена за купување на друга муниција, оружје и предмети во повеќето од метро станиците.
Наводи