Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали) се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).

Особености Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,Ian Maddieson (со глава од Sandra Ferrari Disner); Patterns of sounds; Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3 но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е (ќ), туку слеаната (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.

Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат), каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).

Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.

Преднонепчени согласки по МФА Во македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:

МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-J.png преднонепчена носна согласка македонски чешање чешање Податотека:Xsampa-c.png безвучна преднонепчена избувна согласка македонски вреќа вреќа Податотека:IPA 108.svg звучна преднонепчена избувна согласка македонски раѓање раѓање Податотека:Xsampa-C2.png безвучна преднонепчена струјна согласка германски nicht не Податотека:Xsampa-jslash2.png звучна преднонепчена струјна согласка шпански yema жолчка Податотека:Xsampa-j2.png преднонепчена приближна согласка македонски крај крај Податотека:Xsampa-L2.png преднонепчена странична приближна согласка македонски љубов љубов Податотека:Xsampa-Jslash lessthan.png звучна преднонепчена уфрлена согласка свахили hujambo здраво Податотека:Xsampa-equalsslash.png преднонепчена чрапава согласка нǀу ǂoo маж

Поврзано Палатализација Заднонепчена согласка Место на творба

Наводи

Категорија:Согласки