Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,Погл. задновенечна согласка бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки.

Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу).

Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.

+Австралиски преднојазични согласки Рамнојазични Врвнојазични Венечно-преднонепчени Забни Венечни Свиени Избувни Носни Странични

Места на творба Местата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.

+Позастапени преднојазични согласки(ненаведени: јазичноуснени, венечно-преднонепчени, свиени)МФА(симбол)СогласкаПримерМФА(изговор) звучна венечна струјна согласка зима безвучна венечна струјна согласка соба звучна забна струјна согласка that (англ.) безвучна забна струјна согласка thud (англ.) звучна задновенечна струјна согласка жена безвучна задновенечна струјна согласка штит венечна носна согласка налог звучна венечна избувна согласка дом безвучна венечна избувна согласка табла венечна приближна согласка reef (англ.) странична венечна приближна согласка лице венечна трепетна согласка рамен венечна едноударна согласка pero (шпан.)

Поврзано Врвнојазична согласка Рамнојазична согласка Среднојазична согласка Подјазична согласка Место на творба

Наводи

Категорија:Согласки